Да се биде сингл - Најголемата романса во нашиот живот

Да се биде сингл – Најголемата романса во нашиот живот

Се вклучувате на Фејсбук и вашиот њуз фид е повторно полн со „само што се зедовме“ и „се свршивме“ или „во врска“ статуси. Факт е дека пронаоѓањето вистинска и искрена љубов е ретко и специјално. Без разлика колку лигави филмови сте гледале кои го кажуваат спротивното, вистинската љубов е премногу потценета. Кога ќе го пронајдете човекот од вашите соништа, секако дека ви е дозволено да парадирате наоколу.

0-da-se-bide-singl-najgolemata-romansa-na-nashiot-zhivot-kafepauza.mk

Но што ако нашите најголеми љубови всушност не се вртат околу нашето момче, сродна душа, девојка и слично? Што ако најголемите романси на нашите животи не вклучуваат ниедна друга личност освен самите ние? Вистинската и суштинска форма на оние кои сме како индивидуални личности – нашите пориви и копнежи, нашите стравови и инспирации и секако, нашиот сингл статус. Што ако нашите романси со себеси се најубавите романси од сите видови романси кои постојат?

1. Нашата фамилија и нашите пријатели стојат зад нас

Тие се тука да ни ја држат раката, да нѐ сакаат и да нѐ потсетуваат на тоа секој ден. Кога сме свесни за оваа огромна поддршка, тогаш сфаќаме колку всушност имаме среќа. За жал, на само една рака се бројат луѓето кои останале покрај нас кога ни било најтешко, т.е. луѓе кои нѐ виделе како блескаме како манекенка од Викторија Сикрет, но нѐ виделе и во не-сакам-никогаш-повеќе-да-излезам-сакам-само-да-јадам-сладолед-и-да-гледам-тажни-филмови расположение.

Сетете се на тие луѓе кои останале покрај вас без разлика на сѐ. Тие се дел од вашиот живот затоа што вие сте им дале причина да сакаат да останат во него. Можеби не станува збор за таа конвенционална љубовна приказна, но луѓето кои покрај сѐ останале во вашиот живот се нешто што вреди да го љубите секој ден од вашето секојдневие. Дури и кога ќе бидете во брак, дури и кога имате момче или девојка. Секогаш.

2. Можеби немате „важна личност“ во моментов, но имате аспирации кон важни нешта

Нашите соништа не треба да се вртат само околу наоѓање на таа „совршена“ личност, туку треба да се заљубиме во животот кој ние самите го креираме. Тука спаѓаат добивање на работата од соништата, доволно време за вежбање, совршено тело итн.

Како и при заљубувањето, и во полето во кое амбициозно работиме нештата што ги сакаме не се едноставни за постигнување – потребен е голем компромис, напорна работа и не, сигурно нема да изгледа како што сме мислеле. Ќе биде стотици, милиони пати подобро! Сигурни сме дека така и ќе биде.

3. Колку романтичен ќе ни беше животот ако сѐ што сме замислувале би ни се остварило?

И што ако сето тоа сами го постигнеме? Дали некој тоа ќе го нарече тажно? Па, веројатно. Независно? Ммм, можеби, добро да… Сепак, како и да го наречеме, искрено веруваме дека постојат нешта во нашите животи што можат да ни го пружат истото она што би ни го пружил партнерот.

4. „Совршената“ личност е само додаток на нашето патешествие низ животот

Да се има „важна“ личност во животот значи да имаме партнер кој ќе ни помага да се справуваме со нашите проблеми, да одолеваме на искушенијата и да си ги оствариме соништата. Замислете да имате сѐ – совршена работа, прекрасни штикли и среден живот… и тогаш се појави таа „вистинска“ личност. Колку сте сигурни дека ќе ви биде потребна? Набројте барем еден филм каде главниот лик има совршен живот, па се појавува неговата/нејзината сродна душа. Точно така, нема такви филмови. Во сите нив, главните ликови имаат тешки проблеми и токму тогаш се појавува нивната љубов. Од друга страна пак, колку е тоа романтично? Точно така – воопшто не е.

5. Дали е наивно да мислиме дека еден ден сите ќе се заљубиме?

Љубовта не е преценета и не, не го кажуваме ова затоа што некој ни ја намалил самодовербата и сега плукаме и ја мразиме љубовта. Ова го кажуваме затоа што заљубувањето е неверојатно, но сепак можноста да се заљубиме во животот кој го живееме – нашата кариера, нашето семејство и пријатели, луѓето, местата и нештата кои веќе ги имаме и сме ги постигнале сами се совршената романса.

Затоа, да ја впиеме секоја секунда од тој живот. Да си го сакаме нашиот потценет сингл статус. Ајде повеќе да се сакаме себеси отколку што би можеле да сакаме некој друг. Освен нашите пријатели и фамилија, можеби ќе запознаеме луѓе кои ќе нѐ сакаат за она што сме го создале самите ние за нас. Кога сето ова е кажано, сигурни сме дека ви стана јасно зошто да се биде сингл е најголемата романса на нашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар