Цветни фустани – предвесник на пролетта
Кога ќе ги видите цветните фустани на излозите, тие укажуваат на пристигнувањето на пролетта, еден од најженствените периоди во годината. Цветните фустаните не се новина кога станува збор за пролетните колекции. Тие се присутни секоја пролет, но се склони кон промени. Трендовите влијаат и на ова парче облека, па затоа се менуваат во зависност од моделите и од боите што се во тренд. Последните неколку сезони, популарните беа фустаните кои имаа цветен мотив на само еден дел, потоа оние на кои цветовите беспрекорно се вклопуваа со позадината, но и оние составени од две или повеќе различни цветни дезени или во комбинација со животински принт, светки или мониста.
Оваа година ќе се носат модели што наликуваат на оние што ги носеле нашите баби. Сепак, оние што не се љубители на ваквите кроеви, ќе можат да пронајдат нешто за себе меѓу фустаните со гол грб, асиметричните парчиња или кратките фустани.
Кога станува збор за цветните фустани, можете да ги носите секој ден и да ги комбинирате со патики, со чизми до глужд, со чевли со високи потпетици или со мокасини кои апсолутно ќе бидат хит оваа сезона. Во продолжение ќе пронајдете инспирација од овие фотографии на Инстаграм.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Погледнете кои модни додатоци ќе бидат во тренд за сезоната пролет/лето 2020 година.