Црвена кадифена торта: Најубавиот и најсочниот десерт што ќе го пробате
Совршен кремаст десерт што вреди да се направи.
Потребни состојки:
За кората:
- 250 грама брашно
- 2 јајца
- 2-3 лажици какао во прав
- 115 грама маргарин
- 300 грама шеќер
- 1 ќесичка ванилин шеќер или 1 лажичка екстракт од ванила
- 240 мл јогурт
- половина лажичка сол
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1 лажичка оцет
- 3 лажици екстракт од јагода или црвена боја за колачи
За кремот:
- 360 мл слатка павлака
- 460-500 гр сирење маскарпоне
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 115 гр шеќер во прав
Начин на подготовка на кората:
1. Измешајте ги брашното, какаото и солта во пластичен сад.
2. Во друг сад измешајте ги екстрактот јагода и јогуртот додека не ја постигнете саканата боја.
3. Во третиот сад измешајте го маргаринот со миксер. Кога смесата ќе стане кремаста, измешајте ја со шеќерот и ванилиниот шеќер сè додека убаво не се соедини и стане повторно кремаста. Додајте две јајца и продолжете да мешате. Кога смесата ќе стане хомогена, полека додајте ја содржината од првиот и од вториот сад.
4. Ставете сода бикарбона во чаша и прелијте ја со оцет и додајте ја во смесата, па измешајте. Поделете ја смесата на два идентични делови пред печење.
5. Тортата треба да има 4 слоја, па затоа најдобро е да се испечат 2 кори, а по печењето, повторно да се преполови секоја од нив.
6. Печете околу 25-30 минути на температура од 180 °С. Откако малку ќе се изладат корите, ставете ги во замрзнувач околу еден час. Кога ќе се изладат, ќе ги исечете полесно.
Начин на подготовка на кремот:
1. Во еден сад измешајте ја павлаката, а во друг сирењето маскарпоне, ванилиниот шеќер и шеќерот во прав. Кога ќе добиете хомогена смеса, постепено додајте ја изматената слатка павлака и измешајте сè заедно.
Премачкајте ја кората со крем, па преклопете ја со друга кора и така сè додека не се потрошат сите кори. Можете да ја декорирате тортата со свежи јагоди или малини.
Прочитајте кои се 5-те најчести грешки при подготовката на палачинки.