Црниот сладолед е новиот хит во светот: Би го пробале?
Дали сакате нешто повеќе од вообичаен сладолед кој служи само за да си го оладите јазикот? Ако вашиот одговор е да, тогаш ви го претставуваме овој прекрасен сладолед со боја на јаглен кој со својот изглед е толку убав што нема да сакате да го изедете.
Слаткарницата „Little Damage“ од Лос Анџелес е заслужна за овој изум кој веќе ги освои сите социјални мрежи и стана апсолутен хит помеѓу луѓето.
Според сведочењата, овој сладолед има вкус на бадем, и не само што изгледа сјајно, туку има и фантастичен вкус. Освен самиот сладолед, и корнетот е исто така обоен во црна боја, па овој десерт е совршен спој на естетско убавото и вкусното.
Доколку овој сладолед е премногу темен за вашиот вкус, секогаш можете да додадете малку шеќерни трошки на врвот, кокос, лешници и разни други додатоци.