Црната боја излегува од мода? Погледнете кои бои ги освојуваат трендовите во новата година
Сосема погрешно е верувањето дека треба да ја поврзуваме зимата само со ладни тонови. Постојат неколку топли и неутрални нијанси коишто се идеални за студените денови, и кои веќе ја надминаа популарноста дури и на црната боја. Некои од нив веќе беа забележани на модните комбинации на големи имиња, како Бела Хадид и Дејвид Бекам.
Боја на вино
View this post on Instagram
Оваа боја гарантира луксузен изглед, особено за секојдневните зимски настани. Таа истовремено е и топла и драматична, но и заводлива. Едноставна е за комбинирање и се согласува со голем број други нијанси, притоа давајќи ви простор да бидете креативни.
Сива боја
View this post on Instagram
Оваа боја е најголемиот фаворит за сите годишни времиња, но најмногу се забележува во зимата. Таа е неутрална и класична, и одлично оди со светлите нијанси што ќе ја освежат.
Зелена боја
View this post on Instagram
Ако изберете џемпер со убава зелена боја, не само што ќе си ги одморате сопствените очи, туку ќе му дадете свежина и на вашето лице. Зарем има подобра комбинација за долгите, зимски работни денови?
Боја на сенф
View this post on Instagram
Оваа боја е одлична за освежување на еднобојниот стил, особено во студените месеци. Поради своите специфични нијанси, вие со неа во секој зимски ден ќе додадете мала доза есен.
Погледнете ги и овие стилски трикови за издолжување на вашите нозе во чизми.