Чувствителни и погрешно разбрани: Дознајте дали имате неверојатно интензивен карактер
Не е лесно да се биде неверојатно интензивна личност. Таквите поединци најчесто се погрешно разбрани од страна на другите луѓе. Доколку сметате дека припаѓате во групата на интензивни луѓе, нормално е тоа што речиси сите ве нервираат. Најчесто, останатите луѓе сметаат дека интензивниот карактер е нешто што може да се промени, но тоа е далеку од вистината. Емоционалниот интензитет може да биде позитивна особина, доколку се насочи во вистинскиот правец. Ако сакате да дознаете дали сте интензивна личност, прочитајте ги следниве 8 знаци што ќе ви го потврдат сомнежот…
1. Имате потреба од значајни разговори
Многу ве разлутуваат бесмислените разговори. Вие имате потреба да разговарате за работите што навистина ви значат и да остварувате длабоки врски со луѓето околу вас. Немате време за површност.
2. Отворено ги искажувате вашите емоции
Премногу брзо им се отворате на луѓето и тие веднаш можат да препознаат кога нешто ви пречи. Вие сте многу директни и отворено го кажувате вашето мислење.
3. Многу сте грижливи
Вие сте многу страсни за повеќето работи и подготвени сте да дадете сѐ од себе кога нешто ви значи. Проблемот е во тоа што или имате силни чувства кон нешто или немате никакви чувства. Не постои сива зона за вас, или е црно или е бело. Меѓутоа, кога сакате да постигнете нешто со сето ваше срце, ќе се борите до самиот крај.
4. Искрени сте
Навистина го мислите сето тоа што го велите и правите. Без разлика дали станува збор за нешто позитивно или негативно, секогаш ја кажувате вистина.
5. Луѓето ве сметаат за напорни
Поради вашите интензивни емоции, луѓето имаат погрешно мислење за вас дека сте напорни и опсесивни. Не сте опсесивни, само што ги чувствувате работите многу поинтензивно од останатите луѓе.
6. Лесно се поврзувате со измислени ликови
Кога гледате филм или читате книга, вашите омилени ликови се претвораат во вистински луѓе. Вие навистина се поврзувате со нив на такво ниво што повеќето луѓе не би можеле да го разберат.
7. Убедливо зборувате
Никогаш не кажувате работи што не ги мислите. Секој збор што излегува од вашата уста е внимателно испланиран и обмислен.
8. Имате чести промени на расположението
Вашите емоции ве движат напред, но тие многу често се менуваат. Ова може да биде позитивна или негативна работа.
Интензивните личности чувствуваат работи што повеќето луѓе не можат ни да си ги замислат. Сѐ е во ред со вас. Иако понекогаш треба да го контролирате емоционалниот интензитет, сепак можете да извлечете значајни придобивки од таквиот уникатен карактер.
Прочитајте ги и 10-те супермоќи на пречувствителните луѓе кои ги издвојуваат од другите.