Чувајте се од труење со храна: Како да откриете дали јајцата во вашиот дом се сè уште свежи?
Летото е скоро на прагот, а со него доаѓаат и високите температури. Токму затоа и храната побрзо се расипува, понекогаш дури и без да забележите. Па, доколку сакате да се заштитите од труење со храна, тогаш погледнете ги следниве 5 совети со чија помош можете да откриете дали јајцата кои ги имате во вашиот дом се свежи или расипани…
1. Свежото јајце има цврста и издигната жолчка, како и густа и заматена белка. Ова можете да го откриете уште во првиот момент откако ќе го скршите јајцето.
2. Какви било промени на лушпата на јајцето можат да бидат знак и за промени во внатрешноста. Токму затоа ако забележите нешто необично на неговата лушпа, големи се шансите дека јајцето е расипано.
3. Постои еден добар и стар трик за проверка на свежината на јајцето каде што го сместувате во вода. Наполнете еден сад со вода чие ниво ќе биде два пати поголемо од висината на јајцето и поставете го внатре. Ако тоа потоне и остане цврсто на дното, станува збор за свежо јајце, но ако не го допира дното, тогаш подобро е да не го консумирате.
4. Земете го јајцето во рака и ставете го покрај увото. Нежно протресете и обидете се да го чуете звукот кој доаѓа од внатрешноста. Доколку не чуете никакви звуци, во раката имате свежо јајце. Но, доколку слушнете што било од внатре, тоа можеби е премногу старо за јадење.
5. Нежно скршете го јајцето и поставете го врз бела чинија, притоа обрнувајќи внимание на неговиот изглед. Доколку жолчката е цврсто издигната, а белката провидна и останува околу неа, тогаш станува збор за свежо јајце. Од друга страна пак, ако жолчката е цврсто издигната, но белката не се разлива целосно, тогаш тоа е малку старо, но сепак може да се консумира без несакани последици. Во никој случај не го јадете доколку жолчката е мека, целосно спласната или белката е течна како вода и целосно разлиена ни чинијата.