Чувајте ги силните луѓе во вашиот живот, бидејќи понекогаш тие се поранливи и од вас

Чувајте ги силните луѓе во вашиот живот, бидејќи понекогаш тие се поранливи и од вас

Со нив не е секогаш лесно, не е секогаш пријатно, ниту пак е едноставно… но, со нив, дефинитивно е сигурно. Токму затоа и треба да се грижите за најсилните околу вас, бидејќи понекогаш, тие можат да бидат многу понезаштитени дури и од најслабите.

За време на олујата, тенката трска се витка, додека пак борот, може да биде искорнат од корен и да падне. Ова се случува и со силните луѓе. Тие не се одговорни само за себе и за своите најмили. Тие се одговорни за целиот свет околу нив. Силата привлекува, па затоа и имаат толку многу луѓе околу нив за кои тие лично се чувствуваат одговорно.

Но, силните луѓе воопшто не се поздрави или поотпорни од сите останати. Тие едноставно веруваат дека не смеат да се срушат и да се распаднат сè додека некој зависи од нив. Тие се во состојба дури и за време на срцев удар, да скокнат во вода, да допливаат до дете што се дави, да го извадат на обала, да се погрижат дека сè е во ред со него и дури потоа да се препуштат на сопствената болка.

Силните луѓе најчесто се многу осамени. Ова е директна последица од нивната сила. Никој не размислува дека тие би можеле да страдаат, да тагуваат, да плачат… Сите ги земаат здраво за готово, додека тие едвај се борат за здив без никој да забележи.

Силните луѓе се движат по земјата цврсто, но молчеливо. Со нив не е секогаш лесно, не е секогаш пријатно, ниту пак е едноставно… но, со нив, дефинитивно е сигурно. Токму затоа и треба да ги поддржите, дури и ако мислите дека тие имаат целосна контрола над својот живот.

Само најсилните луѓе страдаат од анксиозност и тоа токму поради овие 5 карактеристики.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар