Чудотворна маска од само 1 состојка: Брзо и лесно отстранете ги митесерите од вашето лице

Чудотворна маска од само 1 состојка: Брзо и лесно отстранете ги митесерите од вашето лице

Проблематичната кожа, склона кон појава на акни и митесери, понекогаш може да претставува вистински пекол. Сигурно многу пати сте се обиделе да го пронајдете вистинскиот начин за да го решите овој проблем, но не сте успеале да го најдете совршеното решение.

Денес ви предложуваме едно едноставно, а ефикасно решение. Станува збор за маска против акни, којашто можете да ја направите дома и да ја употребите за само неколку минути.

За подготовка на оваа маска потребно ви е:
  • 1 јајце
  • 1 хартиено марамче
Начин на подготовка и употреба:

Најпрво издвојте ја белката од жолчката. Откако ќе го направите тоа, измешајте ја белката така што таа ќе стане кремаста, а притоа да остане пенеста. Така промешана, нанесете ја на кожата на лицето во рамномерен и тенок слој. Потоа исечете ги хартиените марамчиња, на тој начин што едно парче би можеле да го залепите на челото, друго на брадата, трето на носот и уште две за лицето. Поставете ги преку белката којашто сте ја нанеле на лицето, а ако ви останало уште од смесата, дополнително нанесете ја преку залепените хартиени марамчиња.

Почекајте вашата маска да делува онолку колку што е потребно да се исушат марамчињата. Потоа, еден по еден дел брзо и прецизно извадете ги од лицето. Ќе почувствувате мало пецкање на кожата во моментот кога ќе ги одлепувате хартиените марамчиња. Може да се случи кожата да ви биде малку црвена, но тоа не би требало да ве загрижува затоа што тоа е моментална и нормална реакција. За крај, изматете ги жолчките коишто ви останаа и нанесете ги на кожата на лицето во рамномерен слој. Почекајте да делуваат околу пет минути, а потоа измијте се темелно најпрво со топла, а потоа со ладна вода.

На кој начин делува оваа маска?

Белките го неутрализираат присуството на маснотиите и нечистотиите што се присутни во внатрешноста на вашите пори и што предизвикуваат појава на акни и митесери. Покрај тоа, белките делуваат и на тој начин што го смируваат воспалението на кожата каде што се наоѓаат акните, па на тој начин ги затвораат порите. Од друга страна пак, жолчките содржат многу хранливи состојки што ја зајакнуваат отпорноста на кожата каде што постојат акните и митесерите. Целта на употребата на хартиените марамчиња е тоа што на овој начин од лицето можете да отстраните поголема количина маснотии и нечистотии од кожата, отколку кога само би си го чистеле лицето со белките.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар