Чудотворен напиток за чистење на бубрезите
Многу токсични материи може да предизвикаат заболување на бубрезите, уринарниот тракт и бешиката, а овој пијалак може да ви помогне да ги прочистите.
Бубрезите се еден од највиталните органи во нашиот организам. Тие секојдневно филтрираат над 200 литри крв како би ги елиминирале штетните материи кои ги внесуваме во организмот. Бубрезите всушност претставуваат вид одбранбен механизам кој во текот на денот преку урината се ослободува од околу 2 литри отпадни материи и вишок на вода.
Најголемите непријатели на бубрезите се: генетски модифицираната храна, протеините од животинско потекло, вештачките засладувачи, газираните пијалаци, кофеинот и цигарите.
За да ги очистите бубрезите, добро е да пиете поголема количина вода, но одвреме-навреме и следниот напиток.
Потребни состојки:
- Сок од 1/2 лимон или лимета
- 1 киви
- 1/2 шолја ореви
- 1 банана
- 1/2 лажица магдонос
- 1 чаша вода
Начин на подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и измиксајте ги. Лимонот најпрво исцедете го па додадете го сокот во блендерот. Сокот е најдобро да се пие наутро.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.