Чудотворен чај кој ги опушта мускулите, но и мислите

Чудотворен чај кој ги опушта мускулите, но и мислите

Нашето општо здравје зависи од количината на сонот. Доколку спиете долго и квалитетно, вие автоматски го заштитувате вашето ментално здравје и го подобрувате квалитетот на својот живот. Од друга страна пак, лошиот сон може да биде последица од неколку фактори, но најчестите причини се лошата исхрана, анксиозноста, недостатокот на витамини и минерали, како и лошиот и неорганизиран животен стил.

Чудотворен чај кој ги опушта мускулите, но и мислите

Сите овие нешта кои водат кон недостаток на сон, потоа резултираат со намалено ниво на енергијата, појава на депресија, слабост, болести и други видови здравствени потешкотии. Но, благодарение на овој чудотворен чај од само 3 состојки, кои најверојатно веќе ги имате во вашиот дом, вие можете да го подобрите квалитетот на сонот, додека истовремено ги опуштите вашите мускули и мисли.

Бананата, една од состојките, е богата со калиум и магнезиум, па токму поради тоа и го подобрува квалитетот на сонот. Од друга страна, циметот на природен начин го опушта и смирува телото, подобрувајќи ја циркулацијата и регулирајќи го варењето…

Потребни состојки:
  • 1 банана
  • Прстофат цимет
  • 1 литар вода
Начин на подготовка:

Зовријте ја водата и додајте во неа бананата, исечкана, а потоа оставете ги уште малку да вријат на оган. За неколку минути, исцедете го чајот низ цедилка, додајте цимет и испијте го саат време пред да си легнете. Овој чудотворен чај ќе ги смири вашите живци и ќе ви овозможи мирен сон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар