Чудо за организмот: 5 алкални прехранбени производи кои ги спречуваат болестите

Чудо за организмот: 5 алкални прехранбени производи кои ги спречуваат болестите

Факт е дека во денешно време луѓето често консумираат нездрава храна, преработени и генетски модифицирани производи. Освен што со таквите навики во исхраната, во организмот се внесуваат секакви материи, храната која ја консумираме има големо влијание и врз нашата pH вредност. Човечкото тело треба да биде алкален организам, а со внесувањето на брзата храна тоа станува многу кисело и може негативно да влијае врз имунолошкиот систем. Меѓутоа, постојат неколку алкални намирници кои ни помагаат да ја доведеме нашата pH вредност во рамнотежа, па во продолжение прочитајте кои се тие.

Чудо за организмот: 5 алкални прехранбени производи кои ги спречуваат болестите

1. Блитва. Таа е одличен алкален производ со многу антиоксиданси кој поседува неверојатни антибактериски и антивирусни својства.

2. Диња. Ова овошје е многу добро за прочистувањето на цревата и е доста алкално – со pH вредност од 8,5. Лубеницата исто така спаѓа во оваа група бидејќи содржи многу хранливи влакна и дури 92% вода.

3. Леќа. Доколку барате замена за пченицата, тогаш купете леќа која ја задржува енергијата во вашето тело и што е најдобро, има огромен ефект во спречувањето на кардиоваскуларните болести.

4. Маслиново масло. Ова масло е полно со витамини, меѓу кои најголема концентрација има витаминот Е, како и со монозаситени масни киселини.

5. Ленено семе. Не само што е алкално, туку исто така и изобилува со влакна и витамини. Лененото семе може да ги смири процесите на воспаление во телото, како и „врелите бранови“ кај жените во менопауза.

Покрај овие 5 намирници, постојат и мноштво други алкални производи кои се препорачува да ги вклучите во својата секојдневна исхрана, како што се:

  • Авокадо – Има здрави монозаситени масни киселини кои се важни за срцето.
  • Банани – Бананите се одлична суперхрана, но само кога се зрели.
  • Бобинки – Полни се со антиоксиданси.
  • Моркови – Содржат бетакаротен и го подобруваат видот.
  • Лук – Го регулира крвниот притисок.
  • Брокула – Го намалува нивото на холестеролот.
  • Грозје – Богато е со мултивитамини и антиоксиданси и го намалува крвниот притисок.
  • Ананас – Помага во регулација на телесната тежина.
  • Кисела луцерка – Лесно се вари и богата е со ензими кои ја одржуваат хормоналната рамнотежа.
  • Лимон – Еден од најалкалните производи кои помагаат во лечењето и на лесните и на потешките болести.
  • Зелје – Го спречува развивањето на болестите.
  • Кисела зелка – Ферментирана храна која е одличен пробиотик.
  • Карфиол – Здрава замена за лебот.
  • Грејпфрут – Одличен избор на витамините А и Ц.
  • Морска трева – Содржи железо и ја зголемува pH вредноста во организмот.
  • Киноа – Го контролира нивото на шеќерот во крвта.
  • Краставици – Ја одржуваат кожата млада и еластична и содржат 90% вода.
  • Магдонос – Го прочистува организмот.
  • Манго – Го забрзува метаболизмот и ги чисти цревата.
  • Спанаќ – Содржи најмногу витамини и железо.
  • Портокали – Одлични се во лечењето на настинките.
  • Папаја – Природен лаксатив кој ги прочистува цревата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар