Чудноста е нормална: Еве зошто треба да ги прифатите вашите апсурдности!
Да се биде чуден е привилегија во денешно време, но голем дел од луѓето не го сфаќаат тоа. Чудноста е можеби најголемата човечка дарба затоа што таа нѐ чини различни. Социјалниот притисок да се совпаднеме во која било група нѐ комформира и ограничува, но многу се ретки луѓето кои се спремни да се ослободат од комформистичките пранги. Не се плашете да се одвоите од другите, тоа ве прави уникатни, а уникатноста треба да се слави, не да се крие. Кога ќе ја прифатите својата чудност тогаш ќе престанете да се осудувате себеси и ќе бидете среќни.
1. Не постои нормално
Што е всушност „нормално“? Тоа е концепт кој го поставува социјалната средина како некаков вид репер за прифатливо однесување. Сите сме чудни – што значи никој не е чуден. Карактерот е една голема палета од однесувања – некои луѓе се гласни, некои тивки. Некои се креативни, други се аналитични. Нема правилно и нормално, постои само природно. Сепак, она што на некому му е природно на друг не му е. Не грижете се да се совпаднете во социјалниот репер, грижете се да бидете природни.
2. Она што сметате дека е чудно кај вас е всушност вашата моќ
Сите имаме различни карактери кои ни го даваат идентитетот што го имаме. Она што нѐ прави различни всушност е нашата скриена моќ. Можеби изгледа чудно, но можеби едноставно не сте научиле како да ја користите таа моќ. Наместо да го поминувате животот криејќи се и совпаѓајќи се во масите трудете се да се одвоите. Користете ја вашата чудност и ќе ја пронајдете вашата тајна моќ.
3. Чудноста полесно се памети
Ако лесно се вклопувате во социјалната хиерархија, тогаш вие сте просечни и давате просечни резултати. Никој не би платил за да види нешто просечно и очекувано. Луѓето ги сакаат неочекуваните работи кои им го заробуваат погледот на еден или друг начин. Она што ви дава карактеристика на чудна личност е токму тоа што ве прави да бидете интересни затоа што вие сте нешто што другите не се. Луѓето ги помнат чудните нешта, не секојдневните.
4. Светот има потреба од поголема автентичност
Луѓето се гладни и во потрага по нови идеи и нова оригиналност. Чудноста е барана затоа што е реална и искрена. Кога ќе започнете да се прифаќате со вашите чудности тогаш на луѓето околу вас им давате дозвола да го направат истото. Сите сакаме да бидеме автентични, но се плашиме да бидеме први. Искреноста им е значајна на другите луѓе. Можеби тие нема да ви го кажат тоа, но длабоко во себе го мислат. Сакаме да бидете искрени, сакаме да бидете чудни.
5. Целата уметност се базира врз чудни идеи
Сите креативни достигнувања досега – без разлика дали во музиката, во сликарството, во бизнисот или науката по дефиниција се различни и бараат нов начин на размислување – дотогаш сметан за чуден. Ова е креативната бенефиција од чудноста. Прифаќањето на чудноста ви отвора нови хоризонти и нови перспективи. Иновацијата не се случува во комфор зоната. Иновацијата се случува кога отпадниците го предизвикуваат светот со чудни идеи.
6. Опирањето ве прави темни
Факт е дека се чувствуваме подобро кога можеме искрено да се изразиме, па дури и да ги изразиме нашите апсурдности. Секогаш ќе постојат луѓе кои нема да го прифаќаат или нема да го разберат нашиот карактер и сето тоа е во ред, но кога ги криеме нашите уникатни карактеристики и ѝ се противиме на нашата природна чудност се чувствуваме лошо. Нашиот карактер станува темен. Исто како црната дупка која се појавува како недостаток на светлина, така и одбивањето на нашата внатрешна светлина нѐ чини темни и резултира со обратна проекција на сопственото „јас“. Чудноста е дел од вас и во ред е да ја оставите да блеска.
7. Кога ќе се издвоите ќе ги најдете луѓето слични на вас
Многу луѓе се плашат да излезат од социјалните граници затоа што не сакаат да бидат осудувани и да останат сами. Спротивно на вашето размислување, ако се истакнете од масите нема да бидете сами. Баш напротив, ќе најдете луѓе слични на вас. Голем број од луѓето не ги пронаоѓаат ваквите луѓе затоа што се плашат да го пуштат она што предобро го знаат и да се впуштат во авантура кон непознатото. Кога ќе ја прифатите својата чудност и кога ќе стоите зад она во што верувате, тогаш ќе ги најдете оние кои го направиле истото пред вас и ќе им служите како инспирација на оние кои треба допрва да го направат тоа.
8. Секоја нова идеја на почетокот е чудна
Дури и најдобрите идеи на почетокот се чудни. Новата идеја е како биолошка мутација – на почетокот нема смисла, но потоа наоѓа цел и примена. Идеите се средство со кое општеството еволуира и се движи напред. Кога Хенри Форд го претставил првиот автомобил, тоа изгледало чудно и дури непотребно. Во една прилика рекол „Ако ги прашував луѓето што сакаат, ќе ми одговореа побрзи коњи.“ Наместо тоа, Форд ризикувал со дотогаш непозната идеја. Изгледало чудно, но денес автомобилите се дел од нашето секојдневие.
9. Ако се криете на крај можете да зажалите
Факт е дека секој се труди да се спротивстави на социјалниот притисок на свој начин. Никој не се осврнува на животот мислејќи „Посакувам да бев како другите.“ Ако го поминете животот сакајќи да бидете како другите, наместо да бидете најдобрата верзија од себеси, големи се шансите дека ќе зажалите за тоа. На крајот, да го живеете вашиот вистински живот најискрено и најреално е единственото значајно нешто.
10. Светот ќе ви се покори кога ќе станете вашата вистинска верзија
Личната перцепција е многу моќно нешто. Кога се гледате како способни, тогаш и луѓето околу вас ве гледаат така. Кога ја поседувате вашата чудност и ја прокламирате како ваша силна страна, никој не може да ви суди. Изборот е ваш. Дали ќе се фокусирате да се вклопите во социјалната хиерархија или ќе ги свиткате границите на светот за тој да се совпадне со вас?