Чудно, но делотворно: Како да направите локни со помош на балони?

Чудно, но делотворно: Како да направите локни со помош на балони?

Постојат многу сјајни начини за виткање на косата со кои воопшто нема да ја изгорите или пак, да ја оштетите. Сепак, една девојка се досетила на најкреативниот и наједноставниот начин со чија помош многу лесно можете да ја навиткате косата. Станува збор за балони!

Чудно, но делотворно: Како да направите локни со помош на балони?

Сè што е потребно да направите е да набавите неколку долгнавести балони и да ги надувате така што да бидат со големина на лимон. Потоа, околу балонот ќе го навиткате праменот, а постапката ќе ја повторите со сите преостанати прамени. Со помош на шноли ќе ги прицврстите прамените за да не се растурат.

Балоните би требало да ги држите на главата околу 6 часа, а доколку се одлучите да ја виткате косата додека спиете, тогаш најдобро би било да ги навиткате само горните прамени, за да избегнете пукање на балоните. Кога ќе ја отпуштите косата, ќе се изненадите од прекрасните локни!

Изгледа навистина интересно, но за да ја дознаете целосната постапка подетално, ви предложуваме да го погледнете оваа видео.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар