Чудни симптоми за мозочен удар: Не ги игнорирајте, тие можат да ви го спасат животот

Чудни симптоми за мозочен удар: Не ги игнорирајте, тие можат да ви го спасат животот

Неврологот Дајана Грин во текот на својата кариера видела многу случаи на жени кои имале мозочен удар со фатален исход од кои повеќето можеле да се избегнат. Токму затоа и одлучила на сите жени ширум светот да им ги открие симптомите за кои никогаш не би претпоставувале дека укажуваат на мозочен удар, а имаат моќ да ви го спасат животот.

Чудни симптоми за мозочен удар: Не ги игнорирајте, тие можат да ви го спасат животот

За почеток, таа предупредува да престанете да размислувате дека оваа состојба ретко ги напаѓа жените, баш напротив, токму дамите се огромна ризична група, додека нивните симптоми можат значително да се разликуваат од оние кај мажите. На пример, многу жени не знаат дека симптомите за удар можат да бидат и наједноставно икање и болка во градите. Тука се вклучени и вртоглавиците, главоболките и вкочанетоста која е изразена на едната страна од телото. Оние симптоми кои се заеднички и за мажите и жените се слабоста во рацете и нозете, губење контрола на мускулите на лицето, нерамна уста при насмевка и неразбирлив говор.

Доколку чувствувате кој било од овие симптоми, особено во комбинација, не се двоумете и веднаш посетете го вашиот доктор. Исто така имајте на ум дека пушењето го зголемува ризикот од мозочен удар, како и притисокот кој е над 140/90. Доколку вашиот хемоглобин е повисок од 5,7 вие спаѓате во ризичната група, а исто така мора да внимавате и на холестеролот. На уште поголем ризик се изложени оние кои патат од дијабетес, кај кои последиците од ударот се многу посериозни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар