Чудни работи кои се случуваат со градите на жените откако ќе родат бебе
Да бидеме реални, вашите гради поминуваат низ пекол откако ќе родите бебе. Тие растат, го менуваат својот облик и почнуваат да прскаат млеко како луди – понекогаш дури и во непријатно време. Тоа се многу нешта со кои жените одеднаш почнуваат да се соочуваат, па затоа не е ни чудно што некои од нив се менуваат. Токму овие нешта никој не ви ги кажува пред да останете бремени и мора да ги научите на потешкиот начин. Затоа Корин Милер решила да го сподели своето искуство на оваа тема со светот и да покаже што точно се случува со вашите гради откако ќе родите бебе.
„Пред да затруднам носев градници со големина А. Отсекогаш сум сонувала да имам поголеми гради и бременоста беше мојата голема шанса. Кога останав бремена со мојот син, моите гради се зголемија до градници со големина Ц и бев многу возбудена. Токму затоа постојано ги покажував моите гради на најразлични начини: со кратки маички, кошули со длабоко деколте… Сите тие соодветно се приспособија на мојата нова облека за бремени жени. Откако мојот син се роди и почнав да дојам, веќе ја достигнав големината Д. Моите соништа се остварија. Имав здраво бебе, среќен брак и големи гради – животот беше совршен.“
„Една година подоцна престанав со доење. По некое време додека излегував од туш кабината, забележував во огледалото дека моите големи и прекрасни дињи се претвориле во лимони. Добро, лимети. Многу малечки лимети. Тие беа помали дури и од периодот пред да останам бремена. Ако постојат негативни гради, тоа е она што ми се случуваше мене. Што по ѓаволите?“
„Моите пријателки имаа слични проблеми. ‘Не можам ни да зборувам за тоа’, ми кажа едната од нив. ‘Јас имам свиснати брадавици. Изгледам како да би требало да бидам во некоја емисија за National Geographic’.“ Повеќето од нив останаа со помали гради од претходно, но дел од нив ги задржаа поголемите гради по раѓањето.“
За што станува збор? Тоа е мајка природа. Според специјалистот за здравје на жената, д-р Џенифер Вајдер, сосема е нормално и подготовката за доење и самиот процес на доење да предизвика моментално или трајно влијание врз формата и големината на градите на жената. Хормоните се главниот виновник. Прогестеронот, естрогенот и окситоцинот ги стимулираат млечните жлезди и градите растат со цел да ви го овозможат доењето. „Бидејќи градите можат да растат, кожата околу нив е растеглива“, вели Вајдер. „Откако жената ќе престане со доењето или доколку одбере воопшто да не го практикува, млечните жлезди се смалуваат во нивната нормална големина.“
Но, таа исто така вели и дека не е воопшто несвојствено за жените да останат со помали или поголеми гради откако ќе имаат бебе. Зошто? Кај некои жени доењето може да предизвика згуснување на ткивото во градите, па маснотиите и сврзаните ткива на тој начин можат да се преместуваат од едно на друго место. Како резултат, големината и формата на вашите гради може да се менува.
Вашите брадавици исто така не се имуни на промена. Хормоните од бременоста можат да предизвикаат тие да се истакнат повеќе кога доите и да изгледаат виснато откако ќе престанете со доењето. За среќа, оваа виснатост е моментална – вашите брадавици би требало со тек на време да се вратат во својата нормална големина и форма.
Но лошата вест, според Вајдер, е тоа што не постојат многу нешта кои би можеле да ги направите со цел да спречите вашите гради да поминат низ овој процес. Физичката активност делумно помага, бидејќи непотребните маснотии можат само да го зголемат вашиот проблем, но останатите работи мора да одат по својот тек.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.