Чудни причини поради кои се заљубуваме

Чудни причини поради кои се заљубуваме

Многу работи можат да бидат причина за да се заљубиме или за некој да нè привлече. Она на што сите би се согласиле, е дека се вљубуваме поради карактерот на личноста. Но има нешто повеќе од тоа. Најчесто, причини за нашата симпатија кон одредена личност, се работи за кои не би помислиле дека можат да побудат толку силни чувства во нас. Според д-р Хелен Фишер, ова се најчудните, но и чести причини поради кои се заљубуваме:

Чудни причини поради кои се заљубуваме

Држење на телото

Кај животните, женските цицачи се наведнуваат и ги накривуваат колковите кога се подготвени за парење. Хммм, колку сме слични ние луѓето? Начинот на кој го држиме телото е многу важен, а често е причина за да привлечеме погледи и симпатии. На мажите им се допаѓаат девојките кога носат високи потпетици, баш поради положбата на телото кога се носат високи потпетици. Исправено држење, мрдање со колковите и карактеристична женска силуета е она што ги привлекува мажите. Додека мажественоста во движењето, со нагласување на горниот дел од телото, како рацете и рамената, ги привлекува жените.

Природниот мирис

Животните не се единствени кои се привлечени од мирисот на спротивниот пол. Германско истражување потврди дека секој од нас има свој карактеристичен природен мирис и многу често сме привлечени токму од природниот мирис на некоја личност.

Насмевката

Секој може да каже клише израз од типот на „ме освои со насмевка“, но колку е логично да бидете привлечени токму од нечија насмевка? Многу. Кога некој ви се насмевнува, исто како да ве маѓепсува. Ние често, несвесно ги имитираме луѓето со кои стапуваме во интеракција, па неретко потсвесно се насмевнуваме кога некој ни се смее. Ваквата реакција на мускулите на лицето ги стимулира нервите да произведуваат хемикалии поради кои мозокот се чувствува убаво. Да, со насмевка некој може да ви го разубави денот, но со насмевка некој ќе ве натера и да се вљубите.

Погледот

Нема грешка, ниту аргумент против. Заводливиот поглед секогаш „пали“. Доколку гледате во очите на некое момче 2 до 3 секунди, на примитивен начин се будат неговите сетила и тој реагира на вашиот поглед.

Забите и косата

Убавите, бели заби, се критериум на многу момци и девојки. Забите кажуваат многу за вас, за вашата хигиена и колку здраво се храните и живеете. И косата исто така кажува многу за една личност. Здравата и сјајна коса е знак на младост, убавина, дури ги асоцира мажите на плодност. Здравата коса дава до знаење за добрите гени кои ги носите.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар