Чудни, но ефикасни фенг шуи совети за чистење

Чудни, но ефикасни фенг шуи совети за чистење

Секој дел од вашиот дом или од вашата канцеларија одговара на одреден дел од телото, па ако страдате од некоја хронична болка, би било добро да направите мали промени во просторот. Веројатно ќе почувствувате олеснување за брзо време бидејќи фенг шуи не е толку популарен без причина.

Чудни, но ефикасни фенг шуи совети за чистење

Уши

Здравствените проблеми поврзани со ушите, во фенг шуи се наоѓаат на ѕидот каде што се наоѓа влезната врата. Исчистете ги тој ѕид и влезната врата и ослободете се од сите непотребни полици што се наоѓаат на тој ѕид.

Раце

Ако имате проблеми со рацете или со прстите, проверете го левиот агол од куќата што е најблиску до влезната врата. Електронската опрема и нередот на тие места ги влошуваат проблемите.

Стапала

Ако имате проблеми со стапалата, проверете ја централната област од левата страна на куќата, што е поврзана со можноста да застанете на свои нозе. Сувите растенија, топлината и нередот може да ја нарушат енергијата.

‘Рбет и коски

Крајниот лев агол од домот е поврзан со проблемите со коските. Проверете ја оваа област ако страдате од болка во грбот, остеопороза или слично. Исто така, оваа област дава енергија за да им се спротивставите на насилниците и злосторниците, па ако ви треба енергија за тоа, тогаш исчистете го и средете го тој дел од вашиот дом.

Очи

Областа поврзана со очите се наоѓа на централниот дел од најоддалечениот ѕид што е наспроти влезната врата. Валканите огледала и стакла може да се рефлектираат во проблеми со очите. Проверете ја оваа област ако страдате од глауком, конјунктивитис, слаб вид итн.

Стомак

Здравствени проблеми поврзани со дигестивниот систем и со стомакот се рефлектираат на крајниот десен агол на вашиот дом. Не чувајте таму остар мебел, електрична опрема итн. Треба да ја исчистите оваа област ако имате проблем со прифаќањето емоционална интимност во врската.

Уста и респираторен систем

Проблемите со забите, астмата и слично се поврзани со централниот дел од десната страна на вашиот дом. Прекумерното загревање или прекумерната светлина во оваа област може да ве иритираат и да предизвикаат вакви проблеми.

Глава

Главоболките, повредите, менталните проблеми и проблемите со косата се поврзани со најблискиот десен агол на вашиот дом. Проверете ја оваа област и ослободете се од нередот.

Погледнете кои 12 токсични навики го загадуваат вашиот дом.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар