Чудесни Јапонки: 5 тајни на жените кои никогаш не се дебелеат и кои живеат најдолго
Жителите на Јапонија во последните 25 години го држат светскиот рекорд како жени со најдолг животен век, а во просек живеат 84 години. Покрај тоа, тие скоро никогаш не се дебелеат. Која е тајната за нивната долговечност и младоликост?
Јапонската писателка Наоми Моријама е авторка на книгата „Јапонките не стареат и не се дебелеат“ (Japanese Woman Don’t Get Old or Fat) во која се откриваат тајните за долговечноста и вечната младост на „волшебните“ Јапонки. Жените во Јапонија се хранат исклучително здраво, а јапонската култура налага сервирање во мали порции.
Нивната исхрана во поголем дел се состои од риба, алги, овошје, соја, ориз, зеленчук и зелен чај. Освен што е здрава, целата таа храна има и ефект против стареење заради што Јапонките секогаш изгледаат толку младолико. Наоми Моријама во книгата открива 5 тајни на Јапонките кои никогаш не се дебелеат и кои живеат најдолго:
1. Жените во Јапонија скоро секогаш јадат оброци кои се подготвени дома и кои се состојат од риба на скара, чинија ориз, варен зеленчук, супа, зелен чај и овошје. Јапонките консумираат дури 10% од вкупното консумирање риба во светот, а прават само 2% од светската популација.
2. Храната лесно се готви или се прави на скара, а наместо леб Јапонките јадат ориз. Вообичаениот јапонски појадок се состои од парче риба, тофу, алги, супа, млад лук, омлет и зелен чај, и сето тоа сервирано во мали порции. Тие јадат ориз со секој оброк и тоа е најголемата разлика помеѓу начинот на живот помеѓу Истокот и Западот.
3. Слатките десерти се реткост во јапонската кујна, а и кога се јадат секогаш станува збор за мали количини. Не е дека Јапонките не сакаат чоколадо или колачи, туку едноставно се свесни за последиците и несаканите ефекти на десертите врз нивното здравје.
4. Родителите ги учат своите деца да јадат полека и да го ценат секој залак. Заради тоа Јапонците никогаш не ја полнат чинијата до врвот и не сервираат големи порции, а секој вид храна се послужува одвоено.
5. Вежбањето е дел од дневната рутина во Јапонија, а за да го одржат здравиот начин на живот, Јапонците изградиле цела култура за возење на велосипед, одење и долго пешачење.
Трикови и совети за убавина можеме да пронајдеме секаде, а ова се тајните за убавина на жените ширум светот.