Чоколадни срца
Десерт со кој ќе ги изненадите вашите пријатели се токму овие вкусни колачиња во форма на срце. Задоволството да биде уште поголемо, тие се прелиени со чоколадо и наполнети со џем од вишни. А кој може да му одолее на вкусното чоколадо и слатките вишни?
Потребни состојки за тестото:
- 2 јајца
- 4 големи лажици шеќер
- 6 големи лажици млеко
- 6 големи лажици масло за јадење
- 1 пакетче ванилин шеќер
- ½ пакетче прашок за печиво
- 10 големи лажици брашно
- џем од вишни
Потребни состојки за глазурата:
- 100 грама чоколадо
- 2 големи лажици масло за јадење
- 1 голема лажица млеко
Начин на подготовка:
Во длабок сад изматете ги со миксер јајцата и шеќерот. Потоа додадете ги сите состојки кои се потребни за тестото, освен џемот од вишни. Смесата добро измешајте ја и ставете ја во модли во форма на срце. Потребно е да ги печете неколку минути. Кога ќе се оладат, исечете ги срцата на 2 дела, премачкајте ги со џем и повторно залепете ги.
Време е да ја направите глазурата. Стопете го чоколадото, потоа додадете го маслото за јадење и млекото. Со направената глазура прелијте ги срцата.
При сервирањето можете да бидете креативни и да ги украсите срцата со шлаг и неколку вишни.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.