Претходно
Чоколадни пралини со лешник и портокал: Неодолив десерт што се топи во уста!
Овој рецепт е толку едноставен што можете да го подготвите дури и ако сте почетници во кујната
Потребни состојки:
- Лешници
- 4 лажици шеќер во прав
- 2 лажици темен рум
- 1/2 лажичка изрендана кора од портокал
- Темно чоколадо, стопено
Начин на подготовка:
Испржете ги лешниците, па излупете ги така што ќе ги истриете со чиста кујнска крпа. Мелете ги во блендер сè додека на пуштат масло и не се претворат во леплива паста. Додајте ги останатите состојки во пастата и со раце направете топчиња.
Топчињата потопете ги во стопеното чоколадо, наредете ги на хартија за печење и оставете ги да се исушат. Потоа уште еднаш прелијте ги со чоколадо и повторно почекајте ги да се исушат. Кога чоколадото ќе се стврдне, тие ќе бидат спремни за послужување.
Облачиња со кокос и џем: Најмеките колачиња што некогаш сте ги пробале!