Чоколадни банани полнети со путер од кикирики
Интересен десерт кој многу брзо се подготвува…Потребни состојки (зависно од количината):
- банани
- чоколадо (70% какао)
- путер од кикирики
- кршени лешници
Начин на подготовка:
1. Бананите олупете ги, исечете им ги краевите и потоа пресечете ги на два еднакви дела. Средината на бананата издлабете ја. Чоколадото растопете го, а потоа бананите натопете ги до половина во него.2. Додека е чоколадото уште топло, извалкајте ја бананата во искршените лешници или доколку ви е полесно искршените лешници посипете ги врз чоколадата.3. Во шприц за декорирање торти ставете го путерот од кикирики и наполнете ги бананите до врв. Наредете ги бананите на еден послужавник и ставете ги во фрижидер за да се стврдне чоколадото.Совет: Јадете ги брзо, бидејќи бананата многу брзо ќе оксидира и ќе потемни.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.