Чоколадна диета

Чоколадна диета

Чоколадото можеби и не е толку опасно за вашата линија колку што мислевте. Новите студии покажуваат дека луѓето кои почесто јадат чоколадо имаат понизок индекс на тежина од оние кои јадат поретко. Истражувачите сè уште не можат да објаснат зошто нешто што содржи толку големо количество на шеќер, маснотии и калории може позитивно да влијае врз тежината. Но, се сомневаат дека антиоксидансите и останатите компоненти во чоколадото придонесуваат за забрзување на метаболизмот кое влијае врз намалување на калориите.

Чоколадна диета

Зависниците од чоколадо најдобро знаат дека во последниве неколку години чоколадото сè почесто се додава на листата „добро по здравјето“. Веќе е докажано дека редовното јадење чоколадо може да го намали високиот притисок, да помогне при кардиоваскуларни проблеми, да го подобри холестеролот и да го регулира инсулинот. И покрај тоа што студијата која го истражува влијанието на чоколадото врз индексот на тежината е релативно нова, сепак добиените резултати ветуваат многу.

Но, не гледајте на ова како дозвола за неограничено јадење на чоколадото кое го обожавате. Неговите ефекти врз индексот на тежината доаѓаат од редовноста на јадењето чоколадо, не од изедената количина.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар