Чоколаден сончоглед: Прекрасен цвет со посебна убавина
Овој сончоглед може да има од темнокафена до бордо нијанса, а исто како обичниот сончоглед, најмногу му треба сонце.
Поради својата кафеава боја, чоколадниот сончоглед совршено би се вклопил во есенската атмосфера, но исто како класичниот жолт сончоглед, тој цвета во лето и овенува при првиот мраз. Ливчињата на овој цвет може да бидат во различни нијанси, така што главата на цветот може да има темнокафеава боја, а кон крајот цветовите имаат посветла нијанса на бордо.
View this post on Instagram
Овој сончоглед може да порасне од 120 до 150 центиметри во висина, а цветовите може да достигнат дијаметар од 10 до 15 центиметри. Се разбира, треба да го засадите на место каде што ќе има многу сонце.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Погледнете кои 5 растенија ќе успеат дури и ако ги запоставите.