Чоколаден неодолив ролат
Доколку ви се пријаде благо, ова е вистинскиот десерт за вас…Потребни состојки:
- 500 г мелени бисквити
- 250 г шеќер во прав
- 100 г горко чоколадо, рендано
- 150 г маргарин
- 200 г кокос
- 1 шолја млеко
Начин на подготовка:
Загрејте го млекото и ставете половина од шеќерот во него да се растопи. Потоа додадете ги мелените бисквити и чоколадото. Постелете едно парче алуминиумска фолија и распоредете ја смесата рамномерно врз неа.
Маргаринот изматете го со останатата половина од шеќерот додека не добиете пенеста смеса. Потоа во смесата додадете го кокосот и сипете ја врз тестото. Замотајте го тестото како ролат и оставете го во фрижидер да се олади.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.