Чоколаден леб од банани со јаболка и ореви: Неодоливо божествен вкус кој се памети

Чоколаден леб од банани со јаболка и ореви: Неодоливо божествен вкус кој се памети

Ви предлагаме рецепт за едноставно и вкусно насладување. Овој леб може да биде совршена ужинка или појадок за вас и вашите деца!

Чоколаден леб од банани со јаболка и ореви: Неодоливо божествен вкус кој се памети

Потребни состојки:

  • 140 грама брашно
  • 70 грама какао во прав
  • 50 грама шеќер
  • 2 лажици мед
  • 2 зрели банани
  • 1 јаболко
  • 1 јајце
  • 50 грама путер
  • 5 лажици масло
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 пакетче прашок за печиво
  • прстофат сол
  • 50 г темно чоколадо
  • 100 грама ореви

Начин на подготовка:

  1. Просејте го брашното со какао во прав и прашок за печиво.
  2. Иситнете ги оревите и чоколадото и оставете половина од нив за декорација.
  3. Растопете го путерот.
  4. Изматете го јајцето со шеќерот.
  5. Додајте го екстрактот од ванила, медот, солта, растопениот путер и маслото.
  6. Изгмечете ги бананите со вилушка и излупете го и изрендајте го јаболкото.
  7. Додајте ги во смесата со јајце, а потоа додадете ги сувите состојки и добро измешајте.
  8. Користејќи шпатула, промешајте и додајте ги и половината од сечканите ореви и чоколадото.
  9. Смесата ставете ја во калап обложен со хартија за печење.
  10. Наросете со остатокот од чоколадото и ореви.
  11. Печете 50 минути на температура од 180 ᵒC.
  12. Изладете го колачот и украсете го по желба премачкувајќи го со мед и наросувајќи го со ореви.

Можеби сакате да го прочитате и рецептот за божествен колач од портокал и палента.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар