Претходно
Чоколаден колач готов за 60 секунди
Овој рецепт за чоколаден колач со орео бисквити стана многу популарен, а може да го направи секој. Сè што ви треба се популарните орео бисквити, малку млеко и микробранова печка. Исто така, можете да го испечете колачот во калаф за мафини, но за тоа ќе ви треба малку повеќе време.
Потребни состојки:
- 4 орео бисквити
- 3 лажици млеко
Начин на подготовка:
- Скршете ги бисквитите и измешајте ги со млекото во чашата.
- Ставете ја чашата во микробранова печка за 1 минута.
- Извадете го колачот во чаша и уживајте. Можете да го декорирате со рендано чоколадо и овошје по желба.
Погледнете го овој лесен рецепт за вкусен леб од нутела.