Чоколаден десерт со путер од кикиритки
Имате при рака путер од кикиритки? Ви се јаде нешто благо ама немате време да правите цела торта? Земете ја вашата голема шолја за кафе. Еве како брзо да подготвите вистинска божествена тортичка во шолја за да го задоволите вашиот апетит за благо.
Потребни состојки:
- 2 лажици путер
- 2 лажици путер од кикиритки
- 1-2 кафени лажици ванилин шеќер
- 1 јајце
- 2 лажици шеќер
- 2 лажици брашно
- 3 лажици какао во прав
- Малку сол
- Малку прашок за печиво
- 3 лажици ситни парчиња чоколадо
Потребни состојки за преливот со путер од кикиритки:
- 1 лажица крем сирење или кајмак
- 1 лажица путер од кикиритки
- 1-2 кафени лажички ванилин шеќер
- 2 лажици шлаг-крем
- 1 лажица шеќер во прав
- Топена карамела (за декорација)
Начин на подготовка: Во сад растопете го путерот, потоа додајте го путерот од кикиритки и добро измешајте. Во голема шолја за кафе измешајте ги заедно ванилата, јајцето и шеќерот. Добро мешајте додека смесата не стане хомогена.
Потоа во друг сад измешајте го брашното, какаото, солта и прашокот за печиво. Добро измешајте ги и додајте ги во шолјата. Во шолјата исто така додајте ја смесата со путерот. За крај во шолјата наросете ги парчињата чоколадо. Ставете ја во микробранова печка на минута или две.За да го подготвите преливот со путер од кикиритки, во еден сад измешајте ги заедно крем сирењето, путерот од кикиритки и ванилиниот шеќер. Додајте го шлагот и наросете од шеќерот во прав. Внимавајте да не ја мешате премногу оваа смеса.
Кога ќе ја извадите шолјата од микробранова печка, во шолјата ставете ја смесата со путер од кикиритки и налејте со топла карамела.
Добар апетит!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.