Чоколаден чизкејк: Уште помоќен вкус на познатата хит торта

Чоколаден чизкејк: Уште помоќен вкус на познатата хит торта

Сирење и чоколадо – одличен десертен пар за брзо благо без печење кое уште побрзо се јаде

chokoladen-chizkejk-ushte-pomokjen-vkus-na-poznatata-hit-torta-kafepauza.mk

Потребни состојки за основата:

150 грама бисквити со путер
100 грама путер
1 лажичка шеќер во прав

Потребни состојки за кремот:
  • 300 грама чоколадо за готвење
  • 200 грама сирење маскрапоне
  • 200 грама свежa урда
  • 200 грама шеќер во прав
  • 250 мл слатка павлака
Начин на подготовка:
  1. Иситнете ги бисквитите и помешајте ги со растопениот путер. За да заштедите време во овој дел од постапката, путерот можете да го растопите го во микробранова. Истото потоа можете да го направите со чоколадото. Бисквитите пак можете да ги иситните во блендер, мелница за кафе и ореви или да ги ставите во кесичка и да ги истолчите со толчник додека не добиете прав. Во оваа смеса додадете и лажичка шеќер в прав.
  2. Обложете го калапот за печење со хартија, па врз неа нанесете ја подлогата од бисквити и путер.
  3. Со мискер изматете ја слатката павлака, додајте ги маскрапонето, урдата, шеќерот во прав, како и омекнатото (но подизладено) чоколадо. Добро промешајте додека не добиете мазна смеса, па со неа прелијте ја основата од бисквити и путер.
  4. Оставете ја вака подготвената торта од сирење во замрзнувач на неколку часа додека смесата не се стврдне.
  5. Од дел од чоколадото можете да направите и чоколадна глазура и да ја прелиете преку тортата.
  6. Послужете парчиња од добро изладената торта со неколку ситни овошки или јаткасти плодови.

Трик плус: Калапот за тортата можете да го обложите со тенки чоколадни наполитанки како би добиле уште повкусна креација од чоколадо.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар