Чизкејк со јагоди: Утринска фантазија во чаша готова за 10 минути
Искористете ја сезоната на јагодите и заблажете си ја душата!
Потребни состојки:
- 125 грама маскарпоне
- 150 грама јагоди
- 4 тврди бисквити
- 1 лимон
- 1 лажица кристален шеќер
- 1 лажица шеќер во прав
- 1 лажица путер
Начин на подготовка:
Загрејте ги исчистените јагоди, кристалниот бел шеќер со 1 лажица лимонов сок во тенџере. Мешајте додека не се растопи шеќерот и додека не омекнат јагодите. За ова ќе ви бидат потребни 3-4 минути.
Здробете ги бисквитите во ситен прав и потоа измешајте ги со стопениот путер. Распоредете ја добиената смеса во две чаши и втиснете ја на дното.
Нежно измешајте го маскарпонето со преостанатиот лимонов сок и шеќерот во прав.
Врз слојот од бисквити во чашите ставете ја прво смесата со маскарпонето, а потоа и кремот од јагоди. Послужете веднаш!
Добар апетит.
Барате уште побрз рецепт? Пробајте го и овој мини чизкејк што се подготвува за само 5 минути.