Претходно
Чизкејк со ф’стаци
Пробајте го овој необичен, но супер вкусен рецепт: Чизкејк со ф’стаци.
Потребни состојки:
- 130 г брашно
- 60 г мелени бадеми
- 50 г шеќер
- 115 г омекнат путер
- 700 г крем сирење
- 200 г кондензирано млеко
- 4 лажици густин
- 1 лажица екстракт од ф’стаци
- 3 јајца
Начин на подготовка:
- Во поголем сад ставете ги брашното, бадемите, путерот и шеќерот и спојте ги состојките со мешање. Ронливата смеса нанесете ја во калап за печење со обрач. Ставете ја кората 30 минути во фрижидер.
- Во друг длабок сад ставете го крем сирењето, кондензираното млеко, густинот, екстрактот од ф’стаци и јајцата и изматете ја смесата со миксер. Нанесете ја смесата врз кората во калапот и печете го колачот 90 минути на 180 ᵒС.
- Откако колачот ќе се излади исечете парчиња и послужете ги со изматен шлаг и дробени ф’стаци.
Можеби сакате да го прочитате и рецептот за лесен и фин пудинг колач.