Чизкејк бомбици со Орео бисквити: Рецепт за вкусен десерт од само 4 состојки

Чизкејк бомбици со Орео бисквити: Рецепт за вкусен десерт од само 4 состојки

Можете да направите вкусен десерт од само неколку состојки, а овие чизкејк бомбици со орео бисквити и бело чоколадо се еден таков рецепт. Не мора да ја запалите рерната за да ги подготвите, а потребно ви е само бисквити, бело чоколадо, крем сирење и малку екстракт од ванила.

Чизкејк бомбици со Орео бисквити: Рецепт за вкусен десерт од само 4 состојки

Потребни состојки:

  • 400 г Орео бисквити
  • 340 г бело чоколадо
  • 220 г крем сирење
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Начин на подготовка:

  1. Скршете ги бисквитите во ситен прав.
  2. Измешајте ги со крем сирењето и екстрактот од ванила. Мешајте додека не се соединат сите состојки.
  3. Направете топчиња од добиената мешавина. Ставете ги на хартија за печење и во замрзнувач половина час.
  4. Замрзнатите топчиња потопете ги во растопеното бело чоколадо. Вратете ги во замрзнувач најмалку 15 минути.

Погледнете го и овој рецепт за совршен празничен ролат кој мора да го пробате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар