Чипс од јаболка

Чипс од јаболка

Чипсот од јаболка е одличен, вкусен и здрав за грицкање. Кога чипсот од компири ќе ви се досади и ќе сакате да грицкате нешто здраво, вкусно и во големи количини, еве како да направите брз, лесен и интересен чипс од јаболка.Чипс од јаболка

Потребно е:

  • 4 цврсти јаболка (се препорачуваат зелените јаболка Granny Smith)
  • две големи лажици шеќер
  • 1/2 лажица цимет
  • 1 голема лажица сок од лимон
  • 1 шолја ладна вода

Подготовка: Загрејте ја рерната на 80 степени Целзиусови. Во мал сад ставете ги водата и лимоновиот сок. Измијте ги, излупете ги и исечете ги јаболката на тенки кришки. Ако имате мандолина, најубаво е со неа да ги исечете кришките јаболка. Како што ќе ги сечете кришките, така ставајте ги во водата со лимоновиот сок за да не поцрнат. Во тавче ставете хартија за печење и распоредете ги јаболката.Чипс од јаболкаОд горе, попрскајте ги со миксот од шеќер и цимет. Печете два часа додека краевите на јаболката не се кренат нагоре и добијат златна боја.

Забелешка: Ако и после два часа јаболката се меки, печете уште час и половина. Затоа, најдобро е да ги исечете јаболката што е можно потенко, за да се испечат убаво и да бидат крцкави. Ако пак сакате екстра крцкав чипс од јаболка, не ја лупете лушпата од јаболкото.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Високо Ц Reply

    Како оди ова со моето кафе со цимет! 🙂

  2. EL Reply

    одлични рецепти секоја пофалба :)))

Остави коментар