Чевлите на Кристијан Лубутен – сон на секоја жена
Автор: Даниела Раденлиева
Кога станува збор за чевлите, нема ниедна жена на светот која не го знае името Лубутен. Францускиот дизајнер на чевли направи империја со своите уникатни модели, женствениот облик и ексцентричноста во боите. Црвениот ѓон на чевлите стана негов заштитен знак и иако во моментот се води судска битка за тоа дали и Ив Сен Лорен има право да го користи знакот на Лубутен, низ целиот свет тоа е и ќе остане етикета за високата мода, означувајќи го неговото име.Овој пост му го посветуваме нему, заради неговата успешна работа во текот на овие 20 години, како и заради појавувањето на 17 јануари како првиот гостин-дизајнер на плакатите на легендарниот париски кабаре-клуб „Crazy Horse” со што си ја запечати и така веќе огромната слава.
“Ова кабаре е историски значаен споменик за Париз, споменик на танцот и прекрасен нов, модерен начин да се слави за жената од жената”– гласела неговата изјава за овој проект.
Тој најдобро знае како да ја спои женственоста се ексцентричноста и да ги претвори своите дизајни во модели во кои секоја жена може да се пронајде. Токму ова ги прави неговите чевли најпродавани во светот и застапени во плакарите на сите славни личности.Специјалната колекција со која ја прослави дваесетгодишнината од својата работа е најдобрата, како и најексклузивната досега според многу критичари.
Фантастичен во секој поглед, нуди изобилство материјал за да се пишува, како за него, така и за неговите колекции. Тој секогаш вели дека најголем кошмар за него би било кога некој би изјавил дека неговите чевли се удобни за носење, па својата креативност ја искористува за да ги поместува границите за висината на неговите потпетици, со што нуди сè само не удобност. Во секој случај, удобни или неудобни, Лубутенките се сонот на секоја жена.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Би било навистина убаво кога би можеле да се поврземе со своите избрани омилени модели преку Like опција 😉 Поздрав за прекрасната статија!
PREKRASNO…
Srce super napisano samo taka da prodolzis i ke uspees mnogu vo zivotot :*** Ednostavno fascinantno <3
Prekrasna statija! Chestitki do Daniela <3 :*
naaah! ne mi se svigjaat