4 знаци дека љубовта има потенцијал да трае

4 знаци дека љубовта има потенцијал да трае

Започнавте нова врска и размислувате колку да се опуштите? Или, вашата врска преживеа некои кризни моменти, па се двоумите дали може да ја сметате како нешто вредно за долгорочно инвестирање? Проверете ги следниве 4 знаци кои доколку ги наоѓате во односот со вашиот партнер, може слободно да здивнете, бидејќи таа врска има голем потенцијал да биде долгорочна.

chetiri-znaci-deka-ljubovta-ima-potencijal-da-trae-www.kafepauza.mk

Но, доколку вашата врска не се поклопува сосема со принципите на здрава и долгорочна врска, можеби треба да ги преиспитате своите чувства и сериозно да разговарате со вашиот партнер.

1. Ги сакате екстремните ставови на партнерот

Што мислите, што е поточно, тоа дека сличниот трага по сличниот или дека различностите се привлекуваат? Генерално, точно е дека луѓето повеќе се поврзуваат со луѓето со кои имаат поголеми сличности и со кои ги делат истите вредности. Но, се разбира, ова е само генерализација. Сите лесно ќе се сетиме на парови коишто одлично функционираат и покрај тоа што едниот од нив обожава месо, а другиот е веган, или парови од кои едниот е интроверт, а другиот екстроверт.

Уште повеќе, екстремностите понекогаш нè привлекуваат. Па така, некое срамежливо и тивко момче може да се чувствува многу привлечено од девојка што има илјадници пријатели и е експерт за социјални мрежи. Но, како и да е, со тек на време, ова може да стане сериозен проблем. Еден од честите случаи е нарцисоидноста која нè привлекувала на почетокот, која после некое време, многу, ама многу ќе почне да ни смета.

Кога вашиот партнер има екстремни ставови, не е неопходно да ги споделувате и вие истите, но подобро ќе напредувате доколку ги поддржувате сосема спротивните ставови на темата.

2. Вашиот партнер е пријатен, доверлив и сигурен

Сите имаат приоритети кога станува збор за посакувани особини кај партнерот. Некои луѓе ги ценат повеќе парите или статусот, додека за некои други, тоа е неважно. Но, без разлика кои се другите посакувани особини и идеали, скоро сите мажи и жени сакаат партнер кој е пријатен, доверлив и сигурен пријател. Ако вашиот партнер или партнерка се тополи и пријатни со вас пред други луѓе, тоа е одличен знак. Исто е одличен знак доколку се емотивно стабилни и ви даваат поддршка. Доколку се однесуваат нарцисоидно кон други луѓе, а се фини кон вас, тоа е потенцијален загрижувачки знак. Нивниот однос кон другите можеби ги открива нивните вистински бои.

3. Еднакво се цените со партнерот

Истражувањата покажуваат дека љубовта не е сосема субјективна, бидејќи се случува дури и странци вообичаено да се рангираат себеси во однос на другите и имаат барем приближна идеја за својата вредност во очите на другиот.

Проблемите може да се појават кога двете страни во врската немаат исти ставови за вредноста на другиот. Многупати сме виделе славни и моќни личности како стапуваат во врска со некој што изгледа како да не ни има работа и интереси во животот. Имањето партнер со помало мислење за себеси или очекувања од вас, може да биде атрактивно на почетокот, но дефинитивно станува проблем после одредено време.

Реалноста е дека атрактивните луѓе стапуваат во брак со други атрактивни луѓе. Може да помислите дека сите би сакале партнер со 10/10 самодоверба и успешност, но понекогаш тоа може да биде премногу стресно. На пример, доколку вашиот партнер е Марија Шарапова, сосема е возможно поголемиот дел од времето да сте загрижени дека ќе ја изгубите од некој „подобар“.

Генерално, имање партнер со горе долу иста слика за себеси, е добар старт за мирна и долга врска.

4. Вашиот партнер прави да се чувствувате добро во својата кожа

Во среќните врски, луѓето генерално ги гледаат своите романтични партнери малку попозитивно отколку што тие сами сметаат дека се. На пример, доколку себеси би се рангирале 6 од 10, многу е извесно дека вашиот партнер би ве рангирал како 7 од 10. Овој избистрен поглед на партнерот како подобар, е всушност стожерот на функционална врска и добар знак за нејзината долготрајност. Според едно истражување, како ве гледа партнерот, е особено важно во три сфери – топлина/доверба; атрактивност/виталност; и статус/материјалност (или потенцијал за нивно стекнување). Овие три сфери се покажале многу поважно во градењето стабилна врска, од на пример, што партнерот мисли за вашето пеење под туш.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Маријана е професор по македонски јазик и литература, којашто во слободно време ги истражува широките пространства на виртуелната култура.

Поврзани содржини

Остави коментар