Четири работи кои треба да ги знаете пред да се одлучите за познатата боб фризура

4 работи кои треба да ги знаете пред да се одлучите за познатата боб фризура

Веќе неколку сезони, ова е дефинитивно најпопуларна фризура помеѓу жените. Меѓутоа, една од основните дилеми е колку често ќе можете ефикасно да ја стилизирате сами без да одите на фризер. Изгледот на боб фризурата зависи од квалитетот и текстурата на вашата коса, а за таа да изгледа беспрекорно, потребно е да ги знаете работи.

Четири работи кои треба да ги знаете пред да се одлучите за познатата боб фризура

1. За оваа фризура важен е обликот на лицето

Боб е фризура која генерално одговара на секој облик, а тоа што се разликува е начинот на кратењето. Со правилното кратење ќе се изразат најдобрите точки на лицето. Доколку сакате акцентот да биде на долниот дел на лицето изберете дијагонален начин, а ако сакате акцентот да биде на јаболчиците тогаш изберете облик на квадрат.

2. Размислете за текстурата на својата коса

Текстурата е всушност најважен фактор. Ако имате тенко влакно, одлучете се за краток боб, бидејќи така визуелно ќе добиете на волумен. Острото и полно влакно е идеално бидејќи бара најмалку време за стилизирање на фризура. Доколку имате природно виткана коса, тогаш изберете фризура која на темето е пократка а напред подолга.

3. Станува збор за специфична фризура

Ако ја сакате оваа фризура, треба да знаете дека мора редовно да ја одржувате, негувате, но и скратувате бидејќи треба да се одржува нејзината форма. Ќе треба да го посетувате фризерот на секои 5 до 6 недели.

4. Стилизирањето е неопходно

За оваа фризура ќе изгубите време средувајќи ја по миењето. Без разлика дали сакате рамна коса или локни, неопходни се уреди и препарати за одржување.

Со оглед на овие работи, размислете дали боб фризурата е идеален избор за вас или не.

Доколку сѐ уште се мислите за вашата следна фризура, ова се топ 3 фризури кои ќе бидат хит оваа есен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар