4 начини на кои модерниот живот си поигрува со умот и телото
Модерниот живот може да биде богат и полн со различни нешта. Со сите придобивки кои ги уживаме, би помислиле, дека треба повеќе да исполнува од животот што го живееле нашите предци. Но, се случува сосема спротивното и многумина од нас се чувствуваат поконфузни од кога било претходно, нашите тела не се во форма, а нашите умови се изнемоштени, и на некој начин дотраени.
Што се случува?
Да споредиме какво е денешното секојдневие со тоа од пред сто години.
1. Модерниот транспорт за помалку од час нè носи на места за кои пред 1 век би ни требало неколку неделно патување.
2. Модерната комуникација постојано нè држи во тек со сите светски новости.
3. Модерната удобност значи дека наместо цел ден, денес поминуваме одвај час или два во одржување на куќата или станот.
4. Модерната енергија значи дека нашите домови се добро загреани и изолирани цело време, наместо да е ладно во зима, топло во лето, темно навечер, а изворите со вода да се далеку.
Можеби на прв поглед ви звучи одлично, но сепак не е. Едноставно, не сме прилагодени да живееме со толку брзо темпо, а со толку малку напор и сосема лишени од директната социјална интеракција!
Исклучување
Модерниот живот, всушност нè исклучува од врската со нашите тела, сетила, внатрешниот ритам, нашите сакани, како и од природата заедно со сите нејзини ресурси и сезони. Ова исклучување од природниот тек е главната причина за нашиот стрес и константното чувство на незадоволство. Накратко, еве што се случува:
Транспорт: Би требало да се движиме низ земјата со темпо што ќе нè држи поврзани со теренот, вегетацијата и живиот свет, а не да се фокусираме само на внатрешните ментални кутии. Ни недостасува да ги движиме нашите тела, се чувствуваме отсечени од природата, а заморот си погрува со нашиот биоритам и чувството за време.
Комуникација: Би требало да комуницираме и да се поврзуваме со другите преку директна комуникација наместо преку студените екрани на телефоните и компјутерите. Ги пропуштаме инфузиите на добри хормони како што е окситоцинот што се добиваат со допир и контакт со очи, и јасноста што ја нуди директната комуникација. Повикот „Досегни и допри некој“ треба да се сфати сериозно и буквално, а не како лого за кампања.
Удобност: Ние треба да се собираме со најблиските и сами да ја приготвуваме нашата храна. Треба да вложуваме труд во зачувување на нашите тела, имотот и предметите чисти и средени, а не да го сметаме тоа за губење време. Сега ние сме сосема исклучени од стимулации, вежби, рачно приготвување на храната и средување на домот. Не уживаме во едноставните задоволства како залакот или собирање колку огнот со најблиските. Наместо тоа, го заморуваме нашето тело со процесирана, брза храна или седечки стил на живот со бројни активности во затворен простор, каде иронично, често имаме повреди од фитнес.
Енергија: Ние треба да ја собираме нашата вода и енергија, да останеме поврзани со земниот извор на овие вредни ресурси. Сега, ние се однесуваме како расипници и ги земаме здраво за готово. Вештачкото загревање и ладење нè држи настрана од предностите на живот блиску до надворешната температура. Електричните светилки ни го нарушија природниот циклус на сон. И иако имаме многу предности од користењето чиста вода за пиење, не мора да ги оставаме чешмите пуштени додека ги миеме забите, ниту пак ни требаат 10-минутни туширања со сапуница која го оштетува микробиомот на нашата кожа. Па дури и кога инсистираме на зелени површини, се исклучуваме себеси од локалната вегетација и создаваме тревници полни со хемиски ѓубрива.
Модерниот живот не е лош, и дефинитивно е во прилог на човековата природа за подобрување и напредок. Но, ни го краде тоа што нè храни. Како можеме да ги користиме придобивките на модерното живеење без да ја платиме цената со стресни тела и преполни умови?
Треба да усвоиме секојдневни навики кои го поддржуваат начинот на кој се полниме со енергија, бидејќи само така може да напредуваме.
Накратко, правете го тоа што навистина го смирува вашиот ум (спијте!), раздвижувајте го вашето тело (движете се секојдневно и хранете се со здрава, богата и разновидна храна), поврзете се со вашите сакани (контакт со очи и допир) и чувствувајте благодарност за неверојатниот живот што го водите.