Чекорете со самодоверба: 5 совети кои ќе ви помогнат да привлечете внимание
Физичката убавина е поврзана со привлекувањето внимание, но не е доволна. Постојат жени кои се навистина привлечни, но не привлекуваат внимание. Која е тајната на добриот прв впечаток? Прочитајте ги овие 5 совети за да дознаете.
1. Изгледајте претставително
Без разлика дали ви се допаѓа тоа или не, луѓето се визуелни суштества – особено мажите. Голем дел од првиот впечаток зависи од она што го гледаме на личноста. Ако сакате да оставите позитивен впечаток, тогаш мора да изгледате добро.
Тоа значи да намалите со шминката – лесна шминка која нагласува, а не променува. Фокусирајте се на најдобрите фацијални атрибути без да нагласувате други делови од лицето. Ако немате време за шминка, малку хидратантна крема, пудра во прав и едноставен кармин ќе биде сосема доволно.
Внимавајте на фризурата. Таа не мора да биде сложена за да изгледа добро. Мазното коњско опавче изгледа прекрасно за во канцеларија, а едноставната пунџа за излегување со пријателките. Добриот изглед на кожата исто така помага – одберете природни продукти како фитокерамиди за сјај на младоликата кожа.
2. Внимавајте на дрес кодот
Кога гледате што да носите, секогаш имајте предвид дека не треба ни да претерате, но ни да изгледате како воопшто да не сте се потрудиле. Облекувајте се во согласност со приликата. Со минималистички и елегантен изглед ќе оставите добар впечаток на работа. Едноставната комбинација со шик детали за на забава е сѐ што е ви е потребно за да го заробите сечиј поглед.
3. Одржувајте добра лична хигиена
Ништо не остава лош впечаток како недоволната хигиена. Можеби изгледате атрактивно, но ако здивот ви мириса ужасно, сигурно дека луѓето нема да сакаат да бидат во ваша близина. Исто така, проверете ги ноктите. Тие не мора да бидат лакирани за да оставите добар впечаток – важно е да бидат чисти и со убава форма. Однесувајте се кон себеси онака како што сакате луѓето да се однесуваат со вас – ако сакате да ве почитуваат, мора прво сами да се почитувате.
4. Кренете ја главата високо
Вашата самодоверба јасно се гледа од вашето држење и гестови. Ако сакате да имате добро држење, тогаш треба да имате самодоверба. Тоа не значи да бидете арогантни – ароганцијата е далеку од самодовербата.
Самодовербата може да ве однесе далеку и да остави одличен впечаток на луѓето што ќе ве запознаат – особено во кариерата. Луѓето ќе ве слушаат повеќе затоа што ќе ве гледаат како некој што знае и го разбира она што го зборува.
5. Насмевнете се
Без разлика како се чувствувате, секогаш бидете насмеани. Насмевката може да направи чуда – дури и да направи да се чувствувате подобро.
Клучот во привлекувањето внимание се состои во самодовербата – ако мислите дека ќе привлечете внимание, тогаш сигурно ќе го привлечете.