Чаша топло млеко за мирен сон

Чаша топло млеко за мирен сон

Млекото е одличен лек за бришење на последиците од стресот, а германските научници докажаа дека редовното пиење чаша топло млеко пред спиење го одмара мозокот.(1) chasha toplo mleko za miren son - www.kafepauza.mkГерманските научници препорачуваат редовно пиење чаша топло млеко пред спиење, бидејќи фосфолипидите кои ги содржи, се одлични борци против стресот.

Иако многумина сметаат дека млекото поради маснотиите и предизвикувањето алергии треба да се избегнува, научниците сепак го препорачуваат.

Истражувачите од универзитетот Триер докажаа дека пиењето млеко создава рамнотежа и ги враќа когнитивните способности, кои се загрозени кога сме под стрес.

Затоа чаша топло млеко пред спиење го „брише“ тешкиот ден и го олеснува сонот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар