Чајна диета: Метод кој помага да изгубите и до 2 килограми за еден ден
Чајот е една од најздравите и највкусните напивки кои постојат на светот. Богат е со антиоксиданси кои што го поттикнуваат организмот да ги исфрла токсините од себе и со тоа го подобрува здравјето и помага во регулирањето на телесната тежина.
Чајната диета, односно диетата со зелен чај и млеко помага од вашиот организам да исфрлите многу токсини преку исфрлање на течности и на тој начин да изгубите од половина до два килограми за еден ден. Тоа значи дека нема на магичен начин да ги изгубите масните наслаги, но со него можете да го направите она првично чистење со кое на вистински начин ќе го стартувате слабеењето.
Потребни состојки:
- 1.5 литри немасно млеко
- 2 лажички зелен чај, не оној од филтер кесички
Начин на подготовка:
Ставете го мелкото на оган и кога ќе почне да врие тргнете го и оставете го да се излади. Потоа додајте му ги двете лажички зелен чај и поклопете го со капак. По 20 минути процедете го и можете да го пиете.
Пијте од овој чај во текот на само еден ден и тоа по една шолја на секои два часа. Во меѓувреме се препорачува пиење на негазирана вода. Не ја применувајте оваа диета повеќе од два пати месечно.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.