Чај од шипка: Заборавено задоволство кое ги лечи сите тегоби
Денес има многу различни избори на чаеви и токму поради тоа често забораваме на старите вкусни чаеви кои го лечат телото, но и духот. Еден од овие потценети лекови е и чајот од шипка, кој силно делува врз нашиот организам и ни помага да ги заблажиме здравствените тегоби, како и да ја спречиме појавата на нови. Добриот стар чај од шипка е едно мало црвено задоволство во кое има огромни придобивки за нашето здравје. Погледнете ги 5-те најголеми придобивки од пиењето чај од шипка.
1. Огромен извор на витамин Ц и ликопен, моќен антиоксиданс кој помага при борбата со холестеролот. Поради големите количини витамин Ц исто така се препорачува да се консумира и за време на настинките, вирусните инфекции или грипот.
2. Го намалува крвниот притисок. Според едно истражување спроведено во 2010 година, испитаниците со висок крвен притисок кои пиеле по 3 чаши чај од шипка дневно имале значително снижување на крвниот притисок во однос на другите.
3. Намалување на симптомите на различни видови болести кои вклучуваат воспаленија. Чајот од шипка е одличен додаток при лечењето на болестите како остеоартритис. Тој ги заблажува болките и вкочанетоста, ја олеснува подвижноста, а експертите тврдат и дека помага при обновување на ‘рскавицата.
4. Лечење на потешкотиите во стомакот. Тој се користи за низа стомачни проблеми како грчеви, намалување на желудочната киселина, иритацијата и чир во желудникот. Бидејќи ги олеснува и дигестивните проблеми, тој се пие и за дијареја и за тврда столица.
5. Ја подобрува работата на црниот дроб и жолчката. Благотворно делува при сите проблеми поврзани со камења и песок во жолчката. Исто така се користи и за детоксикација на црниот дроб.