Целосно го чисти телото од паразити: Ако луѓето знаат што сѐ може, секојдневно ќе го консумираат ова семе!

Целосно го чисти телото од паразити: Ако луѓето знаат што сѐ може, секојдневно ќе го консумираат ова семе!

Семките од тиква уште одамна се познати како доста здрава храна. Најпрво, семките од тиква содржат микроелементи на цинк, кој е од особено значење за здравјето на мажите. Покрај тоа, содржат и витамин Е, кој е природен антиоксиданс. Семките од тиква се доста добар извор на минералите на фосфор, магнезиум, манган, бакар и железо.

1-celosno-go-chisti-teloto-od-paraziti-ako-lugjeto-znaat-shto-sѐ-mozhe-sekojdnevno-kje-go-konsumiraat-ova-seme-www.kafepauza.mk_

Семките од тиква и здравјето

Околу 60 грама семки од тиква содржат скоро половина од препорачаната дневна количина на магнезиум, што учествува во широкиот спектар на витално важните физиолошки функции, вклучувајќи ги создавањето на ATP (аденозин трифосфор, енергетски молекули), синтезата на РНК и ДНК, работата на срцето, за коските и забите, ги релаксираат крвните садови и осигуруваат правилна работа на цревата. Семките од тиква се богат извор на цинк, што е важно за имунитетот, растот и делбата на клетките, сонот, расположението, сетилото за вкус и мирис, здравјето на очите и кожата, регулација на лачењето на инулин и за машката сексуална функција. Семките од тиква се еден од најдобрите извори на омега-3 масна киселина која е доста значајна за здравјето.

Семките од тиква како лек

Испитувањата врз животните сугерираат дека семките од тиква може да ја подобрат регулацијата на лачењето на инсулин и да го спречат комплицирањето на дијабетесот со тоа што ќе го намалат оксидативниот стрес. Семето од тиква е богато со природни фитоестрогени и студиите сугерираат дека може да доведе до значително зголемување на добриот холестерол, заедно со намалување на крвниот притисок, топлината, главоболките, болката во зглобовите и другите симптоми на менопауза кај жените во зрелите години.

Семките од тиква се богати со здрави масти, антиоксиданси и влакна, може да обезбедат придобивки за срцето и здравјето на црниот дроб, особено кога ќе се помешаат со ленено семе. Тие се богат извор на триптофин, аминокиселини кои во вашето тело се претвораат во серотонин, кој пак, се претвора во мелатонин, хормон за сон. Доколку консумирате семки од тиква пред спиење, заедно со јаглехидрати како што се мало парче овошје, може да биде посебно корисно за обезбедување спокоен сон.

Семките од тиква покажуваат антивоспалителни дејства, но и антимикробни (особено антибактериски и антивирусни). Семките од тиква како лек, исто така, може да се користат и за чистење на организмот од глисти и паразити.

Бидејќи оксидативниот стрес игра улога во развојот на некои видови рак, а семките од тиква се единствени кои во својот состав имаат антиоксидансни хранливи материи, не е изненадувачки фактот дека постојат некои докази за тоа дека го намалуваат ризикот од рак со нивно редовно консумирање.

2-celosno-go-chisti-teloto-od-paraziti-ako-lugjeto-znaat-shto-sѐ-mozhe-sekojdnevno-kje-go-konsumiraat-ova-seme-www.kafepauza.mk_

Семките од тиква како лек за простата

Одамна се користат за лечење на бенигните хиперплазии на простата. Голем број мажи, особено во постарите години, имаат проблеми со простата. Семките од тиква за простатата претставуваат вистински природен лек. Тие содржат цинк, микроелемент кој е доста важен за здравјето на мажите, како и омега-3 масни киселини кои го спречуваат зголемувањето на простатата или го поттикнуваат нејзиното намалување во случај доколку веќе е зголемена. Тиквата содржи антиоксиданси кои го штитат организмот од негативни влијанија на слободните радикали, па на тој начин има и антиканцерогено дејство, а научниците докажаа и дека го спречува ракот на простатата. Наместо семки од тиква можете да користите и масло од тиква, бидејќи ефектот е идентичен.

За коса

Семките од тиква содржат единствен склоп на витамини, минерали и омега-3 масни киселини, кои се погодни за подобар квалитет на влакната и поттикнување на растот на косата. Семките од тиква содржат кукурбитин, кој влијае позитивно на растењето на косата. Омега-3 масните киселини од семките ја прават косата помека и посјајна. Семките од тиква во корист на косата можете да ги користите во секојдневната исхрана, а наместо семки можете да користите и масло од тиква. Освен тоа што ќе го подобрите вашето општо здравје, ќе го подобрите и квалитетот и растот на косата.

За чистење од паразити

Нашиот организам е полн со паразити, а за тоа не сме свесни – започнувајќи од вирусите и бактериите, габичките, па сѐ до некои протозои и црви (сплеснати, цилиндрични). Јајцата и ларвите на црвите достигнуваат во организмот по пат на консумирање недоволно зготвено месо, особено говедско месо, свинско месо, риба, потоа преку загадена вода, фекалии и кога ќе ве касне комарец. Паразитите и нивните ларви и јајца влегуваат во човечкото тело преку устата, анусот, носот или преку кожата, а поголемиот дел од нив се сместуваат во дигестивниот систем. Паразитите во организмот може да создадат голема штета, да ја загрозат здравствената состојба, да го ослабат имунолошкиот систем и да предизвикаат бројни болести. Како природно да го исчистите организмот од глисти и паразити? Семките од тиква против глистите и паразитите делуваат како вистински природен чистач.

3-celosno-go-chisti-teloto-od-paraziti-ako-lugjeto-znaat-shto-sѐ-mozhe-sekojdnevno-kje-go-konsumiraat-ova-seme-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар