Целосен водич за правилно шминкање на очите

Целосен водич за правилно шминкање на очите

Сенки за очи, моливи за очи, четкички во разни форми и големини… Шминкањето на очите не е лесна работа. Ако имате тешкотии при совладувањето на сите тие прекрасни, но и комплицирани туторијали кои ги гледате на интернет, тогаш погледнете го овој водич кој ќе ви покаже како правилно да го нашминкате секој дел од очите.

Целосен водич како да ги шминкате очите

1. Очен капак

Обично вашите преферирани сенки за очи одат на вашиот капак, но може да бидете малку креативни и на овој дел да го употребите и моливот за очи. Некои луѓе имаат поголеми капаци, додека други скоро како да ги немаат – ова варира од личност до личност.

2. Бразди на очниот капак

Помеѓу вашата аркада и очниот капак употребувајте потемни бои на сенки за очи, за да им додадете димензија на очите. Совет: Ако имате вишок кожа кај аркадата поради што вашите очни капаци изгледаат помали, играјте со нанесување на сенката на различни позиции во овој дел за да направите илузија дека имате подлабоки очи. Отворајте ги очите во текот на целиот процес на шминкањето за да дознаете која позиција најмногу ви одговара.

3. Надворешно „V“

Најоддалечениот агол од окото е делот каде оди моливот за очи или најтемните бои на сенките за очи, кои вообичаено се нанесуваат во „V“ форма, но можете да направите и полукружна „C“ форма за понежен ефект.

4. Горна линија на трепките

Веднаш покрај линијата на трепките и малку над неа, е делот каде ставате молив за очи и маскара, за да го дефинирате окото.

5. Водна линија на окото

Внатрешниот долен раб на окото е делот каде се нанесува или темен молив за очи за да додадете драматичен ефект или бел молив за очи, за визуелно да ги зголемите очите и да го „разбудите“ целиот изглед.

6. Долна линија на трепките

Веднаш под водната линија, каде што започнуваат долните трепки, е делот каде може да ставите кафеав молив за очи или потемни нијанси на сенки за очи, за да ја истакнете нивната боја.

7. Солзен канал

Ова е внатрешниот агол на окото, каде се нанесува малку бледа или светликава сенка за очи, за да го отворите окото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар