Целосен водич низ емоциите на мажите, поделен во 4 животни доби
Годините на мажите се показатели за нивниот емоционален, ментален и физички развој. Со помош на овој водич вие лесно можете да откриете кои се неговите очекувања како и која е неговата улога во вашиот живот. Токму затоа преку оваа анализа вие можете целосно да го разоткриете и разберете неговиот однос со жените…
20-24: Години исполнети со колебање
Во раните 20-ти години мажите се во еден вид транзиција, па токму затоа лесно и страсно се заљубуваат, но исто толку лесно и се одљубуваат. Овие промени кои се настанати преку хормоналната внатрешна бура го тераат неговото тело да тежнее да проба сè, додека пак умот да копнее по слобода и независност.
Љубовен профил: Ако сте една од првите девојки во кои се заљубил, тогаш тој ќе мисли дека му се оствариле сите соништа и тоа ќе го покажува со своето однесување. Тој е подготвен да ве стави на пиедестал и да се однесува кон вас како кон кралица, користејќи ги сите филмски трикови со цел да ве направи среќна.
Сексуален профил: Колку повеќе ве љуби, толку повеќе ќе ве посакува и во кревет. Неговите сексуални вештини во овие години наликуваат на егзотични градини, вие никогаш не знаете на што можете да налетате, па токму затоа и големи се шансите дека постојано ќе пробувате нешто ново. Неговата креативност е условена со потребата за истражување на телесните задоволства, додека ваше е само да уживате.
Степен на поврзаност: И покрај тоа што можеби ве обвива со ситни знаци на внимание, како што се букети цвеќиња или слатки плишани животни, тој сепак ќе се труди најмногу што може да не создаде силна поврзаност со вас. Токму затоа и често ќе излегувате со неговите пријатели, бидејќи на тој начин ќе ја задоволува својата потреба за уживање во светот на своите врсници. Во овие години групните излегувања се врв на неговата среќа, бидејќи пријателите и нивното мислење за вас му се многу важни.
Совет: Доколку сакате повеќе од задоволство, вооружете се со трпение и бидете толерантни. Дајте му простор и време, па кога ќе почувствува дека не му вршите притисок, нема да има потреба да се изгуби веднаш од вашиот живот.
25-29: Страв од губење на врската
Според истражувањата спроведени на мажи од 25 до 29 години, 27-та година е клучниот премин во нивниот живот. Токму тогаш почнува борбата помеѓу себичноста и нужноста за компромиси која ја носи секоја врска со себе. Кога мажите во овие години ќе најдат добар „плен“, во нив се раѓа конфликт бидејќи од една страна не сакаат да изгубат добра жена, а од друга страна се плашат да не пропуштат и подобра можност.
Љубовен профил: Бидејќи има одредено љубовно искуство, мажот во овие години има прилично реален став за врските, па затоа бара еднаквост и рамнотежа. Благодарение на трендот да се живее заедно пред бракот, целосно се губи традиционалното сфаќање дека тој во овие години веќе би требало да ве запроси. Денешните мажи не мора да се трудат толку многу за да си осигурат секс, па токму затоа и нема постојано да се обидуваат да ве освојуваат и шармираат.
Сексуален профил: Бидејќи тие скоро го имаат изградено својот сексуален идентитет, мажите во доцните 20-ти години ќе сторат сè што е во нивна моќ вие и вашето задоволство да бидете на прво место.
Степен на поврзаност: Мажот во доцните 20-тите години од својата партнерка ќе бара да има сè што има и тој, вклучувајќи идеи, ставови, кариера и живот. Смирувањето покрај една жена почнува да му изгледа како добра идеја бидејќи веќе поголемиот дел од неговите пријатели се во сериозни врски. Но, сепак сè уште паничи длабоко во себе на помислата за брак бидејќи дури и да смета дека сте неверојатно прекрасна личност, сепак одвреме-навреме се навраќа на сите оние девојки од неговиот живот со кој немал можност да излезе.
Совет: Вашите години се само уште еден фактор кој може да придонесе до паника во него. Доколку сте врсници, тој сигурно верува дека веќе сериозно размислувате за свадба. Но, не грижете се. Дајте му малку време и не го притискајте, бидејќи брзо ќе ја надмине оваа избезуменост откако ќе сфати дека со вас го очекува неверојатен живот.
30-34: Пуштање корења
Во раните 30-ти години неговиот социјален живот повеќе не е толку бурен, додека пак кругот на пријатели му станува сè потесен и поинтимен. Според едно истражување, 55% од мажите во 20-тите години излегуваат 3 или повеќе пати неделно, додека во 30-тите тоа се случува само кај 15% од нив. Во овие години мажите се смируваат бидејќи имале доволно време и слобода да ја изградат својата кариера и да ги оживеат нивните соништа, па токму затоа почнуваат да размислуваат сериозно и за бракот. Овие години се одлични за смирување покрај една жена, бидејќи тие се доволно искусни, но сè уште имаат сила во нив за нешто ново.
Љубовен профил: Тој е доволно зрел да покаже, како и да сака да овозможи вистинска романса. Мажите во раните 30-ти години се свесни за своите години, како и за помладата конкуренција, па токму затоа и повеќе ќе се трудат околу вас.
Сексуален профил: Кога станува збор за сексуалниот потенцијал, зрелите мажи знаат дека станува збор за квалитет, а не за квантитет. Тој од сексот бара многу повеќе од едноставно задоволство и не се плаши да експериментира со цел да ве направи среќни вас, но и себе.
Степен на поврзаност: Со големото искуство зад себе, тој е подготвен да ги жртвува своите краткотрајни цели за нешто подолготрајно. Доколку сè уште не ви спомнува брак, тој ќе се обиде да ви ги покаже своите намери за вас преку иницирање заедничка инвестиција во иднината.
Совет: Во оваа фаза тој веќе сака да пушти корени, а од жената на својот живот сè што бара е да не го гледа низ финансиската призма, туку да го прифати онаков каков што е и да го сака поради неговиот карактер.
Од 35: Создаден да бира
Мажот кој поминал низ рај и пекол во врските не може да го избегне влијанието на бурното минато врз интимноста во сегашноста. Токму затоа и тој е многу внимателен при подарувањето на својата љубов.
Љубовен профил: Можете да бидете сигурни дека мажот кој има над 35 години добро ја познава секоја жена. Без разлика колку е таа самоуверена, тој знае дека сите бараат внимание. Зрелите мажите се свесни за нивниот „рок на траење“ и токму затоа се обидуваат да ве освојат на секој можен начин. Но, бидете внимателни бидејќи понекогаш тие можат да се кријат зад маска која ќе им падне во истиот момент кога ќе ве освојат, покажувајќи ви личност која ни најмалку не наликува на онаа која сте ја запознале.
Сексуален профил: Во оваа фаза нивото на тестостеронот опасно се намалува. Но, и покрај тоа што можеби нема тело на 20-годишен, има нешто многу повредно што младите го немаат – искуство. Зрелите мажи многу внимание ѝ обрнуваат на предиграта и водењето љубов со нив е едно од најеротичните искуства кои една жена може да ги доживее.
Степен на поврзаност: Зрелите мажи копнеат за деца исто како вас, можеби дури и повеќе. Жените кои дотогаш нема да успеат да најдат љубов ќе чувствуваат тага, додека пак мажите ги освојува цинизмот. Тоа е една од причините зошто треба многу да внимавате при избор на партнер во овие години.
Совет: Ако сакате разведен маж да одведете пред олтар, големи се шансите дека ќе наидете на многу проблеми. Оние кои се навикнале на сингл живот по брак, ќе им треба многу време и енергија за да се вратат повторно во играта на врските.