Претходно
Целиот живот може да ви се промени за само 6 секунди: Добро прочитајте и ќе сфатите!
Сите честопати велиме дека немаме време за многу работи, дури ни за мали нешта, а притоа воопшто не сме свесни колку работи може да се променат за само 6 секунди!
- За 6 секунди може да бакнете или да прегрнете некого и да го уверите колку го сакате;
- За 6 секунди може да отворите или да придржите нечија врата;
- За 6 секунди може да земете длабок здив и да се смирите;
- За 6 секунди може да си кажете себеси: „Не вреди и да се нервирам.“;
- За 6 секунди може да ставите љубовна порака напишана на парче хартија во џебот на вашата сакана личност;
- За 6 секунди може да нацртате срце и да му го покажете некому;
- За 6 секунди може да кажете искрено извини;
- За 6 секунди може да ги затворите очите и да се опуштите;
- За 6 секунди може да ги исфрлите грдите слики од главата;
- За 6 секунди може да фрлите во канта некој премет што ве потсетува на нешто лошо;
- За 6 секунди може да сфатите колку уживате во нежниот и пријатен допир на сонцето;
- За 6 секунди може да одлучите повеќе да не се вртите кон минатото;
- 6 секунди може да шепотете „Ќе биде сè во ред.“ – со вас или со некој друг;
Немојте како папагал само да повторувате „Немам време.“. Има доволно време за лошиот ден да се претвори во добар. Разберете што е важно, а што не е. Има доволно време сè да се промени.
За само 6 секунди може да им се вратите на убавите, вистински вредности – љубезноста, сочувството, единството, надежта, мирот и љубовта.
Прочитајте ги и овие 10 совети кои ќе ви помогнат да ја усовршите употребата на обратната психологија.