Цели што ќе ви помогнат да го сакате она што веќе го имате

Цели што ќе ви помогнат да го сакате она што веќе го имате

Целите кои покажуваат дека напредувате не се толку исполнувачки како што мислите. Поради ова целите на мнозинството луѓе се да ги променат нивните животи, наместо да се променат себеси. Но што ако поставите цели со кои ќе го засакате она што веќе го имате? Доколку сакате да се обидете, следниве идеи ќе ви помогнат во тоа.

Цели што ќе ви помогнат да го сакате она што веќе го имате

1. Продолжете од каде што сте застанале. Завршете ја книгата што сте ја започнале. Дојадете ја храната што ја имате. Облечете ја облеката на поинаков начин. Извинете се и мислете го тоа. Јавете им се на старите пријатели. Вратете им се на старите проекти.

2. Најдете начин да ги цените луѓето онакви какви што се, а не онакви какви што сакате да бидат. Не е ваше да судите кој ги заслужува вашите љубов и добрина. Не е ваша работа да поправате никого. Ваша задача е да сакате на соодветен начин.

3. Одвојте повеќе време за пријателите што ги имате, наместо да ги барате оние што ги немате. Престанете да броите колку луѓе има во вашиот живот. Почнете да цените колку е всушност убаво да имате и само еден пријател во животот. Не се сите толку среќни.

4. Секој ден запишувајте по едно нешто што телото ви овозможило да го направите. Без разлика дали е гледањето на омилениот филм или слушањето на звуците од улицата, фокусирајте се на она што го прави вашето тело, а не на неговиот изглед.

5. Научете да ги сакате нештата што не чинат премногу. Научете да ја сакате едноставната храна и готвењето, да го сакате излегувањето, дружењето, гледањето на изгрејсонцето…

6. Од денешниот датум започнете „Дневник на денови“ каде што ќе запишувате по 2-3 реченици за секој ден од годината. Причината што многумина се откажуваат од пишувањето дневник е тоа што никој нема ни време ни енергија детално да го опишува секој ден. Но на овој начин ја испуштате можноста да видите колку всушност сте напреднале. Па, направете си ја оваа активност полесна и навечер запишете макар и една реченица за изминатиот ден.

7. Најдете значење и радост во она што го работите. Исполнетоста на работното место не мора да значи следење на идејата за вашата цел. Некогаш е подобро да го сакате она што веќе го правите.

8. Започнете ваши празнични традиции. Најпосебните денови од годината нека кажат кои сте, што сакате и како сакате да го славите вашиот живот.

9. Одредете некој период во кој ќе ги користите само работите што ги имате. Обидете се да си покажете дека имате сè што ви е потребно, или барем повеќе отколку што сте мислеле.

10. На сè што поседувате дајте му „дом“. Разгледајте ги сите предмети што ги имате и зачувајте ги само оние што ви користат или што ви значат. Потоа на секој од нив најдете му „дом“, односно место. На овој начин полесно ќе го одржите редот во домот.

11. Научете да живеете со она што го имате. Без разлика колку заработувате, вашата распределба на парите нека ви остане иста. Некој процент ќе биде за сметки, некој за лични трошоци и слично. Оваа навика ќе ви остане без разлика колку заработувате.

12. Јавете ѝ се на мајка ви. Немаат сите таква привилегија.

13. Настојувајте да им давате значење на нештата. Наместо да трчате по успех, барајте добрина. Наместо да верувате дека богатството е знак за добар живот, верувајте дека тоа се интелигенцијата или добрината.

14. Најважните работи правете ги наутро. Кога имате најмногу енергија, вложете ја во најважното. На овој начин ќе сфатите и што ви е навистина значајно.

15. Отстранете го она што не ви служи. Ослободете се од малите нешта за подоцна полесно да се ослободите од големите.

16. Забавете доколку забележите дека работите премногу. Физичката релаксација нека ви биде приоритет, без разлика што работите. Следете го вашето дишење постојано. Бидете свесни секогаш кога работите нешто. Важен е квалитетот на она што ќе го постигнете, а не квантитетот.

Пробајте ги и овие едноставни начини за покажување благодарност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар