Брзо и лесно слабеење: Симнете 5 килограми за 3 недели со помош на пешачење!

Брзо и лесно слабеење: Симнете 5 килограми за 3 недели со помош на пешачење!

Секоја активност, па дури и одењето, бара психичка подготовка доколку сакате да постигнете ефект. Одењето подолго од 20 минути спаѓа во категоријата аеробен тренинг. Овој тренинг го зголемува максималното вдишување на кислород, го подобрува ритамот на срцето и го намалува стресот.

Брзо и лесно слабеење: Симнете 5 килограми за 3 недели со помош на пешачење!

Меѓутоа, доколку сакате да ослабите со пешачење, треба да обрнете внимание на темпото со кое одите. Според едно истражување спроведено на Универзитетот во Вирџинија, жените кои 3 пати неделно оделе брзо по 30 минути изгубиле 6 пати повеќе масно ткиво околу стомакот за разлика од жените кои 5 пати неделно пешачеле со нормално темпо.

Жените кои оделе со побрзо темпо исто така стопиле 4 пати повеќе од вкупното телесно масно ткиво. Најдобрите вести се што брзото одење најпрво го топи абдоминалното масно ткиво. Освен тоа, брзото одење не создава толку голем притисок на глуждовите како трчањето. Тоа е така затоа што додека одите едната нога секогаш ја допира земјата, додека, пак, при трчањето постојат моменти кога целото тело е во воздух и кога ќе се спуштите на земја, телото е изложено на удар.

Пешачењето во одредено темпо во комбинација со здравата исхрана може да ви помогне да ослабите и да се вратите во форма. Со помош на овие совети ќе можете да ослабите дури 5 килограми за само 3 недели. Сѐ што треба да направите е да одите!

1. За да постигнете најголем ефект, треба да одите со брзо темпо 3 пати неделно по 30 минути. Овие 30 минути можете да ги изодите одеднаш или со кратки пауза за време на кои ќе одите побавно. Постојат 3 вида одење:

Брзо и лесно слабеење: Симнете 5 килограми за 3 недели со помош на пешачење!

Шетање. Со ова темпо се движите кога разгледувате излози додека пазарите и неговиот интензитет изнесува 4 на скала од 10. За време од 1 час можете да согорите 238 калории.

Брзо одење. Ако одите со брзина од 5 или 6 на скала од 10 ќе можете да изодите 6 километри за еден час и ќе согорите 340 калории. Додека одите со оваа брзина, ќе можете да зборувате, но по секои неколку реченици ќе треба да направите пауза за да земете воздух.

Силен од. Брзината е околу 8 до 7 километри на час, а ќе согорите околу 564 калории за 1 час. Ако одите со ова темпо и притоа ги движите рацете и правите поголеми чекори, интензитетот би требало да изнесува 7 или 8 на скала од 10. Ќе знаете дека одите доволно брзо според тоа дали можете да зборувате. Со оваа брзина одвај ќе можете да зборувате, бидејќи на секои 3 или 4 зборови ќе мора да земете воздух.

2. При секое газење треба активно да ја стегате мускулатурата на ногата, како и стомачните мускули. Треба да чекорите со она темпо кое ќе ве доведе до анаеробна зона, односно би требало да не можете да вдишете доволно воздух. Можеби на почетокот тоа ќе ви се случува по само неколку минути, но постепено телото ќе се навикне и ќе добиете поголема кондиција. Поради истата причина, постојано треба да го „шокирате“ телото со нагли промени при одењето (одење по угорнини и надолнини) или со промена на темпото и неговиот интензитет. На пример, 2 минути одете брзо, па преминете на бавно одење. Доколку нозете почнат да ви се грчат или почувствувате вртоглавица, направете пауза една минута и истегнете се.

3. Носете шише вода бидејќи на секои 10 до 15 минути треба да испиете по неколку голтки течност. Немојте да пешачите до период од денот кога е многу жешко за да не ви се слоши. Однапред подгответе си здрав оброк, за да не се прејадете по одењето.

Кога ќе почувствувате дека сте се прилагодиле на одењето, воведете и вежби со тежина барем два пати неделно кои ќе ви помогнат да ги оформите мускулите кои се главните потрошувачи на калориите.

Доколку ве заинтересира оваа физичка активност, дознајте колку се слабее со пешачење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар