Брзо губење килограми: Тридневна диета со јаболка

Брзо губење килограми: Тридневна диета со јаболка

Диетата со јаболка не е совршена, но за некои кои се одлучуваат за намалување на вишокот килограми, се чини дека ова е најдобриот начин за тоа. Се практикува само три дена и споредбено со нормалните навики за јадење, внесувате помалку калории. Дали диетата со јаболко е ефективна за намалување на вишокот килограми? За оние кои сакаат брзо да изгубат тежина, сокот од јаболко може да им помогне во тоа, отстранувајќи ги непотребните калории, без тие да гладуваат. Погледнете кои придобивки ви ги нуди оваа диета, како и областите на кои треба да внимавате кога ќе се одлучите да ја практикувате.

Брзо губење килограми: Тридневна диета со јаболка

Како да ја применувате тридневната диета со јаболко за детоксикација на вашето тело

Покрај другите работи, диетата со јаболка е позната по тоа што е комплетна, како и по тоа што е замена за нормалните навики за здрава храна, така што го намалува внесувањето на калории, а го чисти дебелото црево. Оваа диета може да биде наједноставната што постои. Сѐ што треба да направите е да јадете само јаболка во период од три дена. Иако едно од строгите барања на оваа диета е да не јадете ништо, освен јаболка, таа ви овозможува слобода да јадете од нив колку што сакате. Тоа го намалува стравот да не останете гладни, а токму ова е причината што оваа диета се смета како делумно брза, која не ја ограничува количината на внесена храна.

Клучна е и соодветната хидратација

Додека ја практикувате оваа диета, не би било добро да јадете друга храна. Сепак, кога станува збор за хидрирање на вашето тело, покрај водата, не ограничувајте се во пиењето пијалаци како што се чајот или кафето. Сепак, бидете претпазливи да не претерате со премногу кофеин, за да ги избегнете дигестивните проблеми кои може да ви се појават во текот на диетата.

Придобивките од оваа диета

Едно јаболко содржи помалку од 200 калории. Ова остава простор за јадење, имајќи го предвид износот калории кој се препорачува за дневно внесување. Токму ова е причината што оваа тридневна диета не само што ќе го исчисти вашиот организам, туку исто така ќе ви помогне и да ја намалите вашата телесна тежина. Во порција од 100 грама јаболка има само 54 калории. Во целата јаболка пак од 225 грама, има 122 калории со 0,45 грама протеини, 0,23 грама масти и 32,85 грама јаглехидрати, што значи дека ќе ви бидат потребни само 46 минути пешачење за да ги согорите овие калории.

Брзо губење килограми: Тридневна диета со јаболка

Оваа диета го чисти дебелото црево и ја подобрува апсорпцијата на хранливите материи

Јадењето јаболка е одличен начин за да ги добиете хранливите влакна кои му се потребни на вашето тело за подобрување на здравјето на дебелото црево. Пектинот кој се наоѓа во лушпата на јаболката е причина зошто не би требало истата да ја фрлате. Јаболката исто така содржат диетални влакна наречени целулоза, кои се смета дека помагаат при детоксикација на телото, како и стимулирање на дигестивниот трак и обезбедување здравје на цревата.

Јаболкото ви помага да го сочувате младешкиот изглед

Јаболката содржат значителна количина полифиноли. Всушност, тие ви помагаат да ги намалите брчките на вашата кожа, а покрај тоа помагаат и за отстранување на лошиот здив, намалување на холестеролот и што е најважно, ќе ѝ дадете здрав и младешки изглед на вашата кожа.

Ризици и несакани ефекти од практикувањето на диетата со јаболка

Што се однесува до резултатот кој ќе го забележите по оваа тридневна диета со јаболко, без прекршување на правилата, може да се каже дека ќе забележите промени во вашето тело, како добри, така и лоши. Во текот на првиот период, вашето тело ќе се соочи со голем пад на внесените калори. Како и да е, бидејќи оваа диета е наменета за брзо губење на килограмите, исто како и другите забрзани диети, вие ќе бидете склони кон нивно брзо враќање доколку не сте внимателни. Ако се вратите на вашиот нормален начин на исхрана, многу веројатно е дека ќе ви се врати истата тежина која сте ја имале пред да ја започнете оваа диета. За оние кои сакаат да ја пробаат, но се загрижени за тоа нивните напори да не бидат бескорисни, треба да се обидат да ја зголемат нивната мускулна маса и да изградат силен метаболизам пред да ја започнат.

Еве на што треба да внимавате:
  • Одлучете се за диетата само доколку сте во добра здравствена состојба. Ова значи дека во никој случај не треба да ја започнувате доколку сте болни.
  • Диетата со јаболко го нарушува вашиот начин на исхрана, па затоа, не практикувајте ја повеќе од три дена.
  • Избегнувајте прекумерни напорни вежби кога ја практикувате оваа диета.
  • Доколку забележите нешто чудно во текот на тридневната диета, престанете веднаш.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Остави коментар