Брзи техники за релаксација и опуштање

Брзи техники за релаксација и опуштање

Сигурно постојат денови кога сте под стрес поради многуте обврски, било на работа било дома. Затоа од голема важност е да научите да се опуштите и да се ослободите од стресот и чувството на вознемиреност преку овие едноставни и ефективни техники за релаксација. Прочитајте во продолжение за кои техники станува збор.

Брзи техники за релаксација и опуштање

Медитирајте

Истражувањата покажале дека секојдневната медитација може значително да ги намали стресот и анксиозноста. Редовното практикување на медитација пак, може да го минимизира ризикот од кардиоваскуларни болести. Доволно е да одвоите 10 минути, да ги затворите очите и да го насочите вниманието кон вашиот здив.

Дишете длабоко

Според многумина терапевти, дишењето е најефективната техника за брзо намалување на гневот и анксиозноста. Згора на тоа, оваа техника можете да ја практикувате во кое било време. Сè што ви треба е да се одморите 5 минути и да се фокусирате на здивот. Тука спаѓа и техниката за наизменично дишење каде што првин дишете само преку левата, а потоа само преку десната ноздра. Оваа техника помага да се воспостави рамнотежа помеѓу десната и левата хемисфера на мозокот и има моментални смирувачки ефекти.

Слушајте музика

Еден од начините за брзо опуштање е слушањето музика. Според експертите, музиката има смирувачки ефект врз умот и телото. Едно истражување во 2015 година покажало дека слушањето музика минимум 20 минути може значително да го намали нивото на стрес. Покрај тоа, омилената музика може да го намали чувството на вознемиреност како и брзината на срцевите отчукувања.

Обидете се со хидротерапија

Хидротерапијата е метод на лекување кој им бил познат на Римјаните и се состои во искористување на поволното дејство на водата (водена пареа, ладна или топла вода). Доволно е да го измиете лицето со ладна вода за да ја повратите енергијата или пак да ставите коцки мраз на зглобовите бидејќи главните артерии минуваат токму низ нив.

Излезете на прошетка

Излезете накратко од вашата канцеларија или домот за да вдишете свеж воздух. Ќе увидите дека по 10 минути, умот ќе ви се разбистри од мислите и ќе бидете поподготвени за задачите што претстојат.

Одвојте време за себе

Времето кое ќе го поминете сами со себе ќе ви помогне да ги средите мислите и емоциите. На тој начин ќе се смирите и нема да донесете избрзани одлуки.

Откако ги прочитавте нашите техники за брзо опуштање, можеби ќе сакате да прочитате и кои едноставни медитации ќе го смират вашиот ум за 60 секунди.

Извор: yourtango.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар