Брзи фритули: Лесен рецепт за вашето омилено зимско засладување

Брзи фритули: Лесен рецепт за вашето омилено зимско засладување

Ако сакате да се заблажите со нешто навистина вкусно ви предлагаме да ги направите овие брзи фритули. Во продолжение прочитајте го рецептот кој содржи навистина малку состојки.

Брзи фритули: Брз рецепт за вашето омилено зимско засладување

Потребни состојки:

  • 250 г меко брашно
  • 1 големо јајце
  • 1 јаболко
  • 180 г јогурт
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажица ракија
  • 1 лажица рум
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 1 прстофат сол
  • 1 литар масло (за пржење)

Начин на подготовка:

  1. Во еден сад изматете го јајцето со шеќерот и солта. Потоа додајте ги ренданото јаболко, јогуртот, ракијата и румот. Во друг сад измешајте ги брашното и прашокот за печиво, а потоа додајте ги во течната смеса. Добро измешајте за состојките да се соединат.
  2. Ставете го маслото во подлабоко тенџере. Запомнете дека фритулите не треба да го допираат дното на тенџерето, туку мора да лебдат во маслото. Имајте го ова предвид и регулирајте ја количината на масло.
  3. Загрејте го маслото на средна температура. Ако маслото е премногу жешко, фритулите брзо ќе потемнат, ќе изгорат и нема да се надувуваат при пржењето.
  4. Земајте со мала лажичка од смесата и користејќи друга мала лажичка полека спуштајте мали топчиња во маслото. Оставете им на фритулите простор при пржењето и не го преполнувајте тенџерето за тие да може убаво да се испржат од сите страни.
  5. Испржените фритули можете да ги наросите со шеќер во прав или да ги полиете со течно чоколадо и да уживате!

Доколку сакате да готвите, откријте го и рецептот за божиќните лижавчиња од мелени бисквити што ќе ги развеселат и возрасните.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар